Бодрум (турски: Bodrum, стари имиња — Будрум, Петрониум, Халикарнас) [1] ) — град во Југозападна Турција. Градот е важно пристаниште и една од најпосетените туристички одредишта во Егејскиот Базен. Градот е сместен на истоимениот полуостров Бодрум, на северозападниот дел од заливот Гокова, спротивно од грчкиот остров Кос. Денес градот е важен туристички и јахтинг-центар. Градот има многу интересна архитектура, сите згради се во бела боја и се максимум на 3 ката. Туристичкиот град со карактеристична архитектура се наоѓа на околу 180 км јужно од Кушадаси и на околу 270 километри од најголемиот град во регионот — Измир. Бодрум, древниот град Халикарнас, денес е модерен туристички центар, кој привлекува туристи со кристално чистото море, добрите плажи и меката клима. Во реонот околу пристаништето, како и во соседниот залив, каде се наоѓаат повеќето хотели, ќе најдете и многу кафулиња, ноќни клубови, дискотеки и продавници. Додека сте на одмор во Бодрум може да го посетите древниот град Ефес — втор по големина град во Римското Царство и калциевите тераси на Памуккале. Исто така може да се прошетате со ферибот до грчкиот остров Кос.

Литература уреди

Bodream, Jean-Pierre Thiollet, Anagramme Ed., 2010.ISBN 978 2 35035 279 4.

Наводи уреди

  1. Ἁλικαρνασσός, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus project