Богородица од Коромото

Богородица од Коромото или Нашата госпоѓа од Коромото (шпански: Nuestra Señora de Coromoto е прославувана католичка слика на Богородица. Во 1950 година, Богородица од Коромото е прогласена за патрон-светец на Венецуела.

Статуа на Богородица во Гванаре.

Историја уреди

Кога градот Гванаре бил основан во 1591 година, староседелското племе Коспи, кое го населувало тој регион избегало во северните предели. Тогаш започнало ширењето на христијанството во тој регион и покрстувањето на населението. Првата појава на Богородица била во регионот каде побегнало староседелското племе и се случила на 8 септември 1652 година. Богородица се појавила на поглаварот на племето, „Коромото“ и му се обратила со зборовите:

Одете до белите куќи и побарајте да си истурат вода во нивните глави за да одат во рајот.

По оваа реченица, Богородица од поглаварот побарала тој и неговиот народ да се покрстат. Според традицијата, поглаварот ова му го кажал на Хуан Санчес, локален енкомандар, и му рекол дека по кратки подготовки неговиот народ е спремен да ја прифати христијанската религија.

Надворешни врски уреди