Богдан Поп Ѓорчев

македонски лекар

Д-р Богдан Поп Ѓорчев (25 мај 1904, Велес15 јануари 1945, Велес) — македонски лекар, деец на ММТРО,[1] член на Гестапо, соработник на фашистичкиот злосторник Ванчо Михајлов, основач на здружението на бугароманите - Ратници на напредокот на б'гарштината (скратено: РНБ).[2] Бил стрелан во 1945 година од страна на ОЗНА[1] како соработник на бугарскиот окупатор.[2]

Богдан Поп Ѓорчев
Роден 25 мај 1904
Велес,  Османлиско Царство
Починал 15 јануари 1945(1945-01-15) (возр. 40)
Велес,  СР Македонија,  Југославија

Животопис уреди

Богдан Поп Ѓорчев е роден на 25 мај 1904 во Велес, тогаш под Османлиското Царство. Во 1922 година влегува во Македонската младинска тајна револуционерна органицазија. Од 1924 до 1930 година учи медицина во Виена. Откако завршил медицина започна да работи како лекар во железницата, а одпосле си отвора приватна пракса. Се разочарува од братоубиствените убиства во ВМРО. Учествува во демонстрации пред зградата на управата на Вардарската Бановина. Потпишува заедно со други истомисленици меморандум за отцепување на Вардарска Македонија од Кралвстото Југоославија. Поп Ѓорчев е еден од основателите на списанието „Луч“. На 28 октомври 1940 година во својата куќа подготвува бојкот на посетата на српскиот патријарх Гаврил во Велес по повод на 100-годишнината на црквата Свети Панталејмон. Во бојкотот од страна на ВМРО учествуваат лекарот Поп Ѓорчев, Георги Попандов и Коце Ванов (градоначалник на Велес за време на војната). Од страна на Сојузот на комунистите во бојкотот учествуваат Страхил Гигов и Лазе Стојанов - Азања. Тие имаат отпечатено известувања до народот од партиската техника на СКЈ и бојкот станува успешен.

 
Судска пресуда против Бугарофилските фашистички соработници од градот Велес, стрелани во 1945 годинам каде прв на списокот е Богдан Поп Ѓорчев.

За време на Втората светска војна е околиски лекар и како таков помага на редици југословенски партизани да се лекуваат и кријат. Во септември 1944 година тој одзеде седум заробени југословенски партизани од Германците, кои беа дел од Осмата македонска ударна бригада. При заземувањето на Велес од страна на партизаните на 10 ноември 1944 година тој е уапсен. Богдан Поп Ѓорчев е измачуван и убиен со железо на 15 или 16 јануари 1945 година за време на Велешкиот масакр, каде што се убиени и масакрирани и други 52 родољубиви македонски дејци и поддржувачи на ВМРО и ММТРО.[3][4] Синот Борис Поп Ѓорчев после независноста на Македонија во 1991 година како новинар се залагаше за целосно расветлување на велешкиот масакр и убиството на татко му.

Поврзано уреди

Белешки уреди

  1. 1,0 1,1 „ЗОШТО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАШЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА?“. globusmagazin.com.mk. 19 мај 2009. Архивирано од изворникот на 2013-12-12.
  2. 2,0 2,1 Група автори (1997). Во интерес на вистината. Велес: Семејства на загинатите борци, осуденици, интерници и жртви на фашизмот од народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија.
  3. „Ристески, Стојан. Судени за Македонија (1945 - 1985), Полар, Охрид, 1995, стр.74-83“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2018-09-27.
  4. Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.