Богданци

град во Македонија

Богданциград во јужниот дел на Република Македонија. Сместен е во источниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина, односно областа Бојмија, на патот помеѓу Гевгелија и Дојран. Има улога на административен центар на Општина Богданци.

Богданци
Град
Знаме на БогданциГрб на Богданци
Богданци is located in Македонија
Богданци
Богданци
Местоположба на Богданци во Македонија
Координати: 41°12′N 22°34′E / 41.200° СГШ; 22.567° ИГД / 41.200; 22.567Координати: 41°12′N 22°34′E / 41.200° СГШ; 22.567° ИГД / 41.200; 22.567
ДржаваРепублика Македонија
РегионЈугоисточен Регион
ОпштинаОпштина Богданци
Управа
 • ГрадоначалникБлаже Шапов (СДСМ)
Надм. вис.&0101010101010101010101010101010999999980−90 м
Население (2021)
 • Вкупно5,244
Часовен појасUTC+1
 • Лете (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 034
Рег. таб.GE
Мреж. местоwww.bogdanci.gov.mk

Географија и местоположба уреди

Градот Богданци се наоѓа во областа Бојмија, на источниот крај на Гевгелиско-валандовската котлина, од десната страна на Стара Река, на надморска височина од околу 80 м. Преку Богданци води регионален пат кој на југозапад го поврзува со Гевгелија (11 км), а на североисток со Нов Дојран и Дојранското Езеро. Климата е изменето средоземна.

Историја уреди

Подрачјето на Богданци е населено уште од римско време, за што свеодчи наоѓалиштето Барданов Камен на 500 м западно од селото.[1]

Во XIX век, Богданци е големо село во составот на Гевгелиската каза во Отоманското Царство.

Во селото во 1895 – 1896 година е основан комитет на ВМОРО, на чело со учителот Атанас Тодев од Мачуково, а по него учителите Иван Бардаров од Штип, Сава Михајлов, Христо Трајков Лисичков, Стефан Попиванов и Христо Гонов.[2]

Тогашното село било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 12 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

На 11 јуни 2017 година граѓаните на Општина Богданци на референдум се изјасниле против отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини.

Стопанство уреди

Атарот на Богданци зафаќа површина од 6.700 ха, од кои под обработливи површини се 1.561,4 ха, пасиштата зафаќаат 2.107,7 ха, и на шумите отпаѓаат 2.719,5 ха.[5]

Население уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Богданци живееле 3.560 жители, од кои 2.540 Македонци, 900 Турци и 120 Роми.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Богданци имало 3.184 Македонци, кои биле поделени на 1.400 под врховенството на Бугарската егзархија, 1.480 патријаршисти гркомани, 144 патријаршисти србомани и 144 унијати.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Богданци имало 3.247 жители, од кои 2.510 Македонци и 737 Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 2.600 Македонци.[9]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 6.011 жители и спаѓал во групата на мали градови.

Според последниот попис од 2021 година, во градот живееле 5.244 жители.

Етнички гледано, населението е составено од:[10]

Народи[11]
Македонци
  
95,8 %
Срби
  
2,93 %
Турци
  
0,8 %
други
  
0,3 %
Власи
  
0,07 %
Албанци
  
0,03 %
Роми
  
0,02 %
Народ Вкупно
Македонци 5 761
Турци 48
Роми 1
Албанци 2
Власи 4
Срби 176
Бошњаци 0
други 19
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици:[11]

Јазици[11]
македонски
  
96,7 %
српски
  
2,1 %
турски
  
0,8 %
други
  
0,4 %
влашки
  
0,03 %
албански
  
0,02 %
ромски
  
0,02 %
Јазик Говорници Удел (%)
македонски 5.813 96,7
албански 1 0,02
турски 48 0,8
ромски 1 0,02
влашки 2 0,03
српски 124 2,1
други 22 0,4
Вероисповед

Во Богданци се застапени следните верски групи:[11]

Вероисповед[11]
православие
  
95,7 %
католицизам
  
2,7 %
ислам
  
0,9 %
други
  
0,7 %
протестантство
  
0,03 %
Вероисповед Верници Удел (%)
православни 5.752 95,7
муслимани 54 0,9
католици 160 2,7
протестанти 2 0,03
други 43 0,7

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Богданци:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19483.027—    
19532.951−2.5%
19613.290+11.5%
19714.152+26.2%
19815.361+29.1%
ГодинаНас.±%
19915.911+10.3%
19946.031+2.0%
20026.011−0.3%
20215.244−12.8%
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 3.027
1953 2.940 0 0 0 0 8 3 2.951
1961 3.253 3 0 19 15 3.290
1971 3.964 6 0 0 162 20 4.152
1981 5.080 3 34 0 0 214 30 5.361
1991 5.606 4 56 1 0 211 33 5.911
1994 5.778 3 87 1 0 153 9 6.031
2002 5.761 2 48 1 4 176 0 19 6.011
2021 4.909 1 29 12 3 58 1 36 195 5.244

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи уреди

Училишта
 
Црквата „Св. Атанасиј“
Верски објекти
Граѓански здруженија

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[1]
  • Барданов Камен — населба од римско време
  • Света Гора — населба и некропола од доцнантичкото време и старохристијанска базилика
  • Тумба — некропола од доцноантичкото време
Реки
Езера
  • Паљурци — вештачко езеро на реката Луда Мара источно од градот

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 101. ISBN 9989-649-28-6.
  2. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 49 – 50, ISBN 9549514560
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Профил на Општина Богданци“. Архивирано од изворникот на 2013-08-29. Посетено на 2013-09-04.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 151.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.
  8. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 март 2016.
  12. „Η Ελληνικη Αντισταση στη Μακεδονια 1904-1908“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-04-25.
  13. „Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 2010-04-25.

Надворешни врски уреди

Одредници од Богданци
Миравци Валандово
 
Кованец
  С  
З   И
  Ј  
Нов Дојран
Гевгелија Стојаково
 
Стар Дојран