Блажо Тодоровски - Чичето (с. Ресава, Кавадаречко, 13 април 1902 - с. Никодим, 16 јуни 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен посмртно за народен херој на 11 октомври 1953 година.[1]

Блажо Тодоровски
Роден 13 април 1902
село Ресава
Починал 16 јуни 1943(1943-06-16) (возр. 41)
село Никодин
Познат партизан

Животопис уреди

Блажо Тодоровски е роден во селото Ресава, во сиромашно селско семејство. Работел по нивите, но и како аргат кај побогатите семејства во Кавадарци.[2] Се приклучил на комунистичкото движење и зел активно учество на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата.

Учество во НОБ уреди

Веднаш по окупацијата на Југославија се поврзал со партиската организација во Кавадаречко, и во летото на 1941 година станал член на КПЈ. Во декември 1942 година ги примил партизаните од разбиениот Велешки одред, а во април 1943 самиот им се приклучил на партизанските групи кај Полошкиот манастир, од кои е формиран Тиквешкиот одред „Добри Даскалов“. Бил избран за негов заменик-командант. Се истакнал во борбите кај селата Ресава, Гарниково, Бојанчиште и Драдња.

На 7 јуни 1943 ударната група на чело со Блажо Тодоровски-Чичето извршила напад на стационираните бугарски сили во село Никодин, нанесувајќи му тешки загуби на бугарскиот окупатор. Во жестоките престрелки на 16 јуни 1943 година Блажо Тодоровски бил тешко ранет, па другарите го извлекле од боиштето. По неколку дена, Блажо Тодоровски им подлегнал на раните.[1]

За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1953 година.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 391
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 388