Битка кај Ришкиот Превој

42°56′14″N 26°56′22″E / 42.93722° СГШ; 26.93944° ИГД / 42.93722; 26.93944

Ришки премин

Битката кај Ришкиот Превој се одвила во 759 година кај Ришкиот Превој на Стара Планина, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугаритете.

Позадина уреди

Меѓу 755 и 775, византискиот цар Константин V Копроним организирал девет неуспешни кампањи за да ја покори Бугарија.

Конфликти уреди

Во 759 година, императорот на чело со многубројна војска заминал кон Бугарија, но бугарскиот хан Винех успеал да ги зацврсти своите позиции околу Стара Планина. Кога византиската војска престигнала кај Ришкиот премин, таа била нападната од заседа и целосно поразена. Во Битката загинале голем дел од византиските војници[1]. Византискиот историчар Теофан Исповедник пишува дека Бугарите го убиле стратегот на Тракија.

Последици уреди

По битката, ханот Винех добил можност да ја нападне непријателската територија. Но наместо тоа, тој започнал мировни преговори. Ова дело му го навлекла гневот на аристократијата, поради која причина бил убиен во 761 година.

Наводи уреди

  1. Гръцки извори за българската история, том III, с. 270