Битка кај Маркели (756)

42°38′15.48″N 26°53′47.48″E / 42.6376333° СГШ; 26.8965222° ИГД / 42.6376333; 26.8965222

Битка кај Маркели
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 756
Место Тврдина Маркели, блиску Карнобат, Бугарија
Исход византиска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Винех Константин V Копроним
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Битката кај Маркели се одвила во 756 година на истоимената тврдина во близина на Карнобат, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Византијците.

Позадина уреди

Во 755 година завршил подолгиот период на мир меѓу Дунавска Бугарија и Византија. Повод за тоа претставувале големите победи над Арапите од страна на византискиот цар Константин V Копроним. По успехот, тој презел активности за зајакнување на границите со Бугарија. За таа цел во Тракија биле раселени население од Ерменија и Сирија, кои имале воена служба. Хан Кормисош внимателно ги набљудувал активностите на Византија, и изградбата на нови византиски тврдини на границата претставувало нарушување на мирот склучен во 716 година од неговиот претходник Тервел. Бугарските пратеници сакале од Константин да плати данок за новоизградените тврдини. Одбивањето на византискиот цар било проследено со бугарски напад во Тракија. По грабежите на византиските земји, војските на Кормисош пристигнале до околината на Цариград. Крај "Долгиот ѕид" тие биле пречекани и поразени од императорската војска[1].

Конфликт уреди

Во одговор на бугарската инвазија, во наредната година (756) Константин V Копроним презел голем поход кон Бугарија, на чие чело најверојатно во тоа време се наоѓал Винех[2]. Една војска била испратена со флота од 500 бродови кон Дунав каде нанеле голем пораз на бугарските сили[3]. Самиот император со главните сили заминал во Тракија. Бугарите го пресретнале крај граничната тврдина Маркели (кај денешниот Карнобат).

Деталите за борбата не се познати, но таа завршила со победа на Константин. За да се избегне непријателска инвазија во своите земји, Бугарите испратиле заложници во Цариград[4]. Три години подоцна (759) Константин сепак повторно извршил напад во Бугарија, но претрпел пораз во Битката кај Ришкиот превој[5].

Наводи уреди

  1. Златарски, I/1: 267-269
  2. Златарски, I/1: 272
  3. Златарски, I/1: 269-270
  4. Златарски, I/1: 270
  5. Златарски, I/1: 274-275