Битка кај Ерзурум (1916)

Битката кај Ерзурум — голема зимска руска офанзива против силите на Отоманското Царство, која траела од 10 јануари до 16 февруари 1916 година и која завршила со освојување на градот од рускте сили.

Битка кај Ерзурум (1916)
Дел од Кавкаски поход во Блискоисточен фронт
Датум 10 јануари - 16 февруари 1916
Место Ерзурум , Отоманско Царство
Исход руска победа
Завојувани страни
 Руско Царство  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Николај Јуденич Абдул Керим-паша Опелими
Сила
290.000 пешадија
35,000 коњаница
150 возила
20 авиони[1]
134.000
Жртви и загуби
1.000 мртви
4.000 повредени
10.000 мртви или повредени
5000 затворени[2]

По поразот кај Сарикамиш, Турците се обиделе да ја реорганизираат својата сила. По започнувањето на геноцидот[1] настанал и проблем околу снабдувањето на турските сили бидејќи ерменските трговци биле главни снабдувачи на османлиската армија[1]. Во меѓувреме Галиполската операција била при крај и руските власти знаеле дека Османлиите ќе имаат поголем број на војници на располагање.

Руската армија располагала со околу 300.000 војници, 35.000 коњаници, 150 камиони и 20 авиони додека османлиската имала околу 135.000 војници. Во нападите руските сили заробиле 5.000 турски војници а убиле над 10.000 луѓе. Битката завршила со руско заземање на градот.

По оваа битка следувало заземање и на градовите: Трабзон (15 април), Ерзинџан (25 јули).

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Walton, 1984
  2. Allen & Muratoff