Битка кај Гравија

Битката кај Гравија (грчки: Μάχη στο Χάνι της Γραβιάς) се водела помеѓу Грците и Османлиите и претставува дел од Грчката војна за независност на 8 мај 1821 година. На чело на грчките востаници бил Одисеј Андроутсос, чија чета броела околу 120 војници, наспроти османлиската на чие чело бил Омер Вриони кој имал армија од 9.000 војници.[2]

Битка кај Гравија
Дел од the Грчка војна за независност

Битка кај Гравија
Датум 8 мај 1821
Место Гравија, Грција
Исход грчка победа
Завојувани страни
Грчки револуционери Османлиско Царство
Команданти и водачи
Одисеј Андроутсос Омер Вриони
Сила
120 борци[1]9,000 војници[1]
Жртви и загуби
6[1]300 dead,
800 wounded[1]

Битка уреди

По поразот на Грците во Битката кај Аламана и убивањето на нивниот водач Атанасиос Диакос, турската војска под команда на Омер Вриони, покренала напад со околу 9.000 војници на Пелопонез. Грчките позиции биле позиционирани во Гравија, на чело со Одисеј Андроутсос. Откако нивното место било опколено, започнала борбата во која грчката страна успеала да им нанесе големи човечки загуби на Османлиите. Кога битката стивнала, Османлиите се обиделе преку топовски напад да го заземат градот, сепак во меѓувреме грчките позиции успеале да побегнат од населеното место.[1]

Значењето на оваа битка е од голема важност за Грција бидејќи конечно успеала на еден начин да и нанесе пораз на османлиската армија.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Paroulakis, p. 71.
  2. Јанис Макријанис' Memoirs, Book 1 Chapter 5