Битка кај Версиникија

Битката кај Версиникија се одвила на 22 јуни 813 година во близина на Елхово, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Битка кај Версиникија
Дел од Византиско-бугарски војни

Бугарската империја во времето на ханот Крум
Датум 22 јуни 813
Место помеѓу Маламирово, Бугарија и Одрин, Турција
Исход бугарска победа

combatant1=Бугарија

Завојувани страни
Византија
Команданти и водачи
Крум Михаил I Рангабе
Сила
~12,000 војници[1] ~26,000 војници[1]
Жртви и загуби
мали големи

И покрај тоа што византиските сили биле многу побројни од бугарските, Битката завршила со бугарска победа и детонирање на Михаил I Рангабе од престолот од страна на Лав V Ерменец. Битката претставувала голем успех за зацврстување на бугарските позиции кои биле во нагорна линија по Битката кај Плиска. Всушност, по битката бугарските војски ја презле контролата врз целата територија на Источна Тракија (до византиско-бугарскиот договор), со исклучок на неколку тврдини, кои останале под византиска власт. За првпат во историјата на Бугарија, патот кон Цариград бил отворен. Но ова не се случило поради смртта на ханот Крум во текот на финалните подготовки за опсада на византиската престолнина на 13 април 814 година.

Позадина уреди

По големата победа над византиската војска и смртта на царот Никифор I во Битката кај Плиска во 811 година, Византиското Царство се нашла во многу тешка ситуација. Синот на Никифор и легитимен наследник Ставракиј, кој бил сериозно ранет во битката, бил соборен во есента истата година, по државен удар. Михаил I Рангабе бил прогласен за император.

Бугарија, која исто така претрпела тешки загуби и големи материјални штети за време на кампањата на Никифор, исто така морала да ја реорганизира својата армија и ресурси и не била во можност да започне нова војна до следната година. Бугарските напади биле главно концентрирани во Тракија, но, исто така и по долината на река Струма. Многу градови биле запленети и нивната популација била испратена далеку на север во Бугарија преку Дунав. Нападот создал таква паника меѓу населението што резултирало да голем дел од византиските градови биле испразнети, дури и без да бидат нападнати од страна на Бугарите. Обидите на Михаил I да се спротивстави биле залудни. Тој организирал поход но веднаш по заминувањето, тој морал да се врати во престолнината поради заговор[2].

Во меѓувреме Бугарите продолжиле со напади во Тракија но во есента на 812 им бил понуден мир. Бугарската делегација била предводена од страна на Добромир[3][4], но византискиот цар одбил да склучи мир поради "сугестиите на неговите советници", како што вели Теофан[5]. Сепак, вистинската причина најверојатно биле точката три од договорот од 716 година според кој бегалците и од двете страни ќе бидат взаемно разменетииако без разлика дали некој од нив имал заговор против власта[6]. Таа точка била важна за Византијците поради авторитетот на нивните цареви кои биле ослабени, но, по кризата во Бугарија во средината на 8 век, овој предлог станал изгоден и за нив. Како одговор на одбивањето, бугарските сили го опколиле Несебар. тие имале одлични машини за опсада изградени од арапски емигранти, и наскоро го зазеле градот каде што биле пронајдени 36 бакарни сифони кој се користел како средство на познатиот грчки оган и големо количество на злато и сребро.[7].

Подготовки уреди

И покрај загубата кај Несебар, Византијците не биле подготвени да ја решат ситуацијата по мирен пат[4]. Во текот на зимата на 812-813 година, ханот Крум започнал интензивни подготовки за напад против Византија и Михаил кога разбрал, соодветно започнал со подготовка за одбрана. Во февруари 813 бугарските сили организирале неколку напади во Тракија, но набргу се повлекле по првите судири со Византијците. Повлекувањето се сметало од страна на византискиот цар како победа[8] и тоа повлекување го охрабрило да направи контра напад.

Византијците повторно мобилизирале огромна армија собрана од сите теми на нивната империја. Како резултат на немирите во армијата, кампањата била одложен, но конечно тие тргнаа од Цариград во мај. Заминувањето било проследено со прослава и населението на градот вклучувајќи ја царицата, ги придружувала војници надвор од градските ѕидини. Тие дури и дале подароци на воените команданти и ги повикале да го заштитат на царот и се борат за христијаните[9].

Битка уреди

 
Текот на Битката кај Версиникија .

Византиската војска се упатила кон север, но не ги презела сите активности за да се врати назад градот Несебар. На 4 мај имало затемнување на Сонцето кое ги исплашило византиските војници, намалувајќи го нивниот морал. Тие се сместиле во близина на Адријанопол каде војската започнала грабежи на своја земја.[8]. Во мај бугарскиот хан Крум исто така своите сили ги упатил кон Адријанопол[9]. Во јуни двете армии се сретнале во близина на малата тврдина Версиникија, северно од Адријанопол. Сппоред Јован Скилица, византиската војска била 10 пати (во некои историчари извори дури и 20 пати) поголема од бугарската. Веројатно преценето но несомнено византиската војска била значително поголема од бугарската. Затоа, Бугарите ја чувале својата одбранбена позиција. Покрај бројната, логистичката и стратешката супериорност, византиската војска не се спротивставила на ниту еден противнички војник. Двете армии биле доста вознемирани што чекале дури 13 дена во жешките летни денови на Тракија за почеток на битката. На крајот, византискиот команданти не го поминале тестот на издржливост. Некои од нив сакале да нападнат и на 22 јуни стратегот на Македонија Јооан Аплакис се обратил на Михаил и му рекол:?. "Уште колку треба да чекаме и да умреме? Јас ќе нападнам прв, во името на Господ додека вие ќе ме следите храбро. И победата ќе биде наша затоа што сме десет пати повеќе од нив [Бугарите]"[10].

Битката траела кратко: во утринските часови на истиот ден Византијците започнале со напади. Византијците во почетокот успеале да и нанесат некакви загуби на Бугарите, но од самиот почеток поголемиот дел од византиските сили биле толку исплашени што тие не се ни вклучиле во битката. Кога бугарскиот хан Крум наредил напад со бугарската тешка коњаница кон левото византиско крило, Византијците започнале да бегаат. Анадолската армија започнала прва со бегството, проследена со целата армија. Војниците на Јооан Аплакис ги оставиле зад себеси, а голем дел од нив загинале, вклучително и нивниот командант. Битката се одржала во долината и кога Бугарите го виделе повлекувањето на непријателските сили, започнале со напад кон ставената во голема стапица византиска војска. Всушност, бугарските сили не ни очекувале да постигнат толку голем успех, и кога заклучиле дека Византијците бегаат во паника, започнале нивните најголеми напади од страна на коњаницата. Во овој напад голем дел од византиские сили загинале, а други успеале да побегнат кон Цариград. Главните команданти кај Византија, вклучувајќи ги и императорот Михаил I Рангабе и генералот Лав, успеале први да побегнат од бојното поле. По ова, бугарските сили го зазеле византискиот камп каде пронашле злато и оружје[11].

Подоцна византиските хронисти го обвиниле на Лав како одговорен за поразот[12], тврдејќи дека тој намерно им наредил на единиците предвреме да го напуштат бојното поле. Ова гледиште е прифатено од страна на голем број на научници, но дел од нив ја отфрлиле оваа можност[13].

Последици уреди

 
Бугарите ја уништуваат византиската војска кај Версиникија.
 
Битката кај Версиникија.

.

Победата кај Версиникија и понатаму ја влошила хаотичната ситуација на Византија и му дала на бугарскиот хан можност за напади во близина на самиот византиски град Цариград. Битката исто така ја запечатила судбината на Михаил I Рангабе кој бил принуден да абдицира и да се повлече во манастир. Цариградскиот престол бил заземен од страна на Лав V Ерменец (813-820), кој се разликувал од неговиот претходник, како силен, карактерен и енергичен човек. Тој веднаш започнал подготовка за одбраната на Цариград, бидејќи тој го очекувал бугарскиот напад.

Патот кон Цариград бил отворен и бугарската војска започнала поход кон освојување на византиската престолнина[14] Имало уште неколку тврдини во Тракија, кои останале во византиски раце, особено Адријанопол кој бил опколен од братот на Крум. На 17 јули 813 Крум пристигнал пред ѕидините на Цариград и го поставил својот логор без никакви пречки[14][15]. Бугарите изградиле ровови по целата должина на ѕидовите на градот, а потоа Крум одеднаш понудил мировен договор[16].

Пред ѕидовите на византиската престолнина владетелот вршел импресивни пагански жртви на луѓе и животни. Ова направил голем впечаток на жителите на Цариград и дури било опишано од Теофан Исповедник во Скриптор инцертус (анонимна византиска кратка хроника која ги опишува настаните од периодот 811-820 година). Освен тоа Крум наредил да се ископа ров започнувајќи од Влахерна до Златната порта. Така главниот град бил опколен од копнената страна. Овие акции на бугарскиот владетел биле прилично демонстрација на сила отколку сериозни намери за освојување на градот. Целта била да бидат принудени византиските владетели да склучат мир, со кој да ги признаат освојувањата на Бугарите. Новиот император започнал мировни преговори, со тајната идеја за време на преговорите Крум да биде убиен. Во барањата за средба меѓу двата табора било двете страни да се малубројни и невооружени. Поради оваа причина, заедно со Крум присуствувал зет му Константин Пацик (кој најверојатно бил користен за преведувач). За разлика од нив Лав V Ерменец не присуствувал лично. Уште во почетокот на средбата, бугарскиот владетел ги забележал знаците кои Византијците ги прават кон војниците кои требало да го убијат, па поради тоа тој побегнал, но неговиот зет бил заробен.

Разгневен од Византијците, Крум наредил да бидат разграбени и опожарени црквите и манастирите во Источна Тракија.[17], заробените византиски војници да бидат убиени додека богатството од грабежите да биде однесено кон Бугарија. Замоците и населени места во внатрешноста на Источна Тракија биле ограбени и целосно уништени. Кулминација на гневот му бил заземањето на Одрин и поробувњето на 10.000 војници кои го штитиле градот[18]. Крум по ова започнал масовна подготовка за напад на Цариград, која вклучувала Словени, Авари и специјални опсадни објекти. Загрижен од сите овие подготовки императорот започнал зајакнување на ѕидовите на градот и заштитните објекти. Опсадата била повлечена поради смртта на Крум на 13 април 814.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Haldon 2001, pp. 76-77
  2. Ангелов, Д и колектив, История на България, Т. 2, БАН, София, 1981, с. 138
  3. Theophanes Continuatus, Chronographia, p. 12
  4. 4,0 4,1 Josephus Genesius, Vasiliai (Reges), p. 12
  5. Theophanes Confessor, Chronographia, p.497
  6. Theophanes Confessor, Chronographia, p. 499
  7. Theophanes Confessor, Chronographia, p. 489 - 499
  8. 8,0 8,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 500
  9. 9,0 9,1 Scriptor Incertus, Historia, p. 336 — 337 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Incertus336“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. Scriptor Incertus, Historia, p. 18
  11. Златарски, И. История на България, Т 1, Ч 1, 268 - 269
  12. Josephus Genesius, Vasiliai (Reges), col.992 (Patrologia Graeca, vol.109)
  13. For a useful summary of the controversy over Leo's responsibility, see Theod. Korres, Leo V and his age, ed. Vanias, Salonica 1996 (Greek text)
  14. 14,0 14,1 Theophanes Confessor, Chronographia, p. 503
  15. Scriptor Incertus, Historia, p. 342
  16. Златарски, И. История на България, Т 1, Ч 1, 271 - 272
  17. Scriptor Incertus, Historia, p. 342 - 344
  18. Georgius Monachus, Chronicon, col. 981

Литература уреди

  • Теофан Исповедник, Chronicle, Ed. Carl de Boor, Leipzig.
  • Теофан Исповедник, Chronographia, in Patrologia Graeca vol. 109, ed. J. P. Migne, Paris 1863.
  • Josephus Genesius, Vasiliai (Historia de Rebus Constantinopolitanis), in Patrologia Graeca vol. 109, ed. J.P. Migne, Paris 1863. This work is also known as Reges.
  • Јован Скилица, Synopsis Historion, translated by Paul Stephenson.
  • Васил Н. Златарски (Vasil N. Zlatarski), История на българската държава през средните векове, Част I, II изд., Наука и изкуство, София 1970.
  • Атанас Пейчев и колектив, 1300 години на стража, Военно издателство, София 1984.
  • Йордан Андреев, Милчо Лалков, Българските ханове и царе, Велико Търново, 1996.
  • Θεόδωρος Κορρές, Λέων Ε' ο Αρμένιος και η εποχή του - Μια κρίσιμη δεκαετία για το Βυζάντιο (811-820), εκδ. Βάνιας, Θεσσαλονίκη 1996.
  • John Haldon, The Byzantine Wars, Tempus, 2001. ISBN 0-7524-1795-9
  • Warren Treadgold, A history of the Byzantine State and Society, Stanford University Press 1997, ISBN 0-8047-2630-2.
  • Battle of Versinikia (in Bulgarian) Архивирано на 2 јуни 2007 г.