Битка за Нормандија

Битката за Нормандија е сојузничка инвазија на Северна Европа во Втората светска војна, која почнала на 6 јуни 1944 година, со најголемата поморско-десантна операција во историјата на Нормандија, Франција.[1]

Почетокот на битката уреди

Наречена и операција Оверлорд затоа што преку Англискиот канал, во повеќе од 5.000 бродови и 10.000 авиони биле превезени 156.000 американски, британски и канадски трупи. Под команда на генерал Двајт Ајзенхауер, сојузничките сили си истовариле на пет плажи на Нормандискиот брег и набрзо воспоставиле логорски територии, и покрај силниот германски отпор и тешките загуби на плажата Омаха и Џуно (имињата се шифри). Сојзуничката авионска надмоќност го спречила брзото зајакнување на германските сили, а несложувањето помеѓу Адолф Хитлер и неговите генерали била причина за одолговлечените круцијални противнапади.[1]

Крајот на битката уреди

Иако биле забавени од тешката борба во близина на Шербур и околу Кан, сојузничките копнени трупи ги пробиле десантните основи во средината на јули и започнале со брзо напредување низ северна Франција. Нормандиската битка традиционално се смета дека завршила со ослободувањето на Париз на 25 август 1944 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, Книга 7, стр. 41.