Бисерот има кристална структура и како и надворешниот дел од школката се состои од 80-92% од калциум карбонат. Почетната фаза во формирањето на бисерот е навлегувањето на зрно песок во внатрешноста на школката. Со цел да се заштити од туѓото тело, школката го обложува со мазна и тврда материја која се нарекува седеф и на тој начин спречува зрното песок да го гребе нејзиното меко тело.[1]

Црн бисер во школка

Најголемиот бисер на светот е тежок 6,37 кг и е проценет на повеќе од 30 милиони американски долари. Најден е на Филипините во 1934 година и е наречен „Лао-Цеа“. Школката која го направила припаѓа на видот Tridacna gigas.

Видови уреди

  • Природните бисери најдени во школките во нивната природна водна животна средина се реткост. Уште поголема реткост се убаво оформените бисери кои би биле погодни за изработка на накит. Затоа накитот изработен од природните бисери достигнува високи цени. Овие причини и големата желба да се поседуваат бисери довеле до потребата од изнаоѓање начин за нивно вештачко производство, во поголеми количества и за пониска цена. Така започнало производството на вештачки (одгледувани) и имитација на бисери.
  • Вештачките бисери според начинот на создавање и квалитетот се најблиски до природните. Тие настануваат со тоа што зрното песок (или друго тврдо тело) се внесува во внатрешноста на школката од човбечка рака. Потоа школката се враќа да живее во водата и по одреден период од школката се вади бисерот кој меѓувремено се оформил околу тврдото тело. На ваков начин, во подводните фарми за бисери се произведуваат големи количества. И тие се со висока цена зашто за нивното производство се потреби неколку години и сите зрна не се со истиот квалитет.
  • Имитирани (лажни) бисери се сите оние бисери кои по својот сјај наликуваат на вистинските (добиени по природен или вештачки пат), но по начинот на производство и својата структура се сосема различни. Овие „бисери“ се во целост производ на човечка рака, без никакво учество на школките.

Јадрото на лажните бисери е направено од тврд материјал (пластика, седеф или стакло.) кој потоа се обложува со повеќеслојна обвивка од емулзија која го дава конечниот изглед (сјај) на вистински бисери. Производството на ваквите „бисери“ е поевтино и побрзо поради што нивната малопродажна цена е многу пониска од онаа на вистинските. Со нивниот бисерен сјај и ниската цена тие ги задоволуваат потребите на сите оние кои сакаат да имаат бисери, а не можат да си купат вистински.[2]

Во Македонија и пошироко на Балканскиот Полуостров е прочуен охридскиот бисер, кој исто така претставува имитација на вистинските бисери. Јадрото на охридскиот „бисер“ во целост е изработено од седефени зрна кои се добиваат со сечење на морските школки, а тоа се прави во фабрики во Италија и други земји (во Охрид доаѓаат готовите седефени производи: зрна, крстови или фигури на делфини, и сл.). Врз седефот се нанесуваат неколку слоеви емулзија, која порано се добивала од лушпите на рибата плашица, а во ново време се увезува готова. По конечната доработка, охридскиот „бисер“ со својот бисерен сјај се доближува до изгледот на вистинските бисери, а ценет е и поради тоа што целиот е изработен од природен материјал (седеф).

Во Охрид само две семејства се занимаваат со производство на охридски бисер. Најчесто поради желба за заработка или поради незнаење, многумина околу Охридското Езеро продаваат увезени седефени производи (зрна и сл.), нудејќи ги како „охридски бисери“ со што во заблуда ги доведуваат неупатените туристи.[3]

Скапоцените камења и нивното влијание на човекот уреди

 
Накит од бисер

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Бисерот спаѓа во групата на т.н. природни скапоцени камења. Бисерот поттикнува храброст и виталност, а калциум карбонатот во неговиот состав овозможува смирувачко дејство.

Скапоцените камења и хороскопските знаци уреди

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така бисерот се препорачува за следниве хороскопски знаци: рак и риби.

Бисерот како мотив во уметноста и популарната култура уреди

  • „Неоладениот бисер“ — поема на рускиот поет Михаил Бузник од 2001 година.[4]
  • „Господинот Когито и бисерот“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[5]
  • „Низа бисери“ (хрватски: Niska bisera) — песна на хрватската рок-група Азра (Azra) од 1983 година.[6] [7]
  • „Дијаманти и бисери“ (англиски: Diamonds and Pearls) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince).[8]
  • „Бисери“ (српски: Перле) — песна на српската рок-група Смак од 1975 година.[9]
  • „Бисер“ (англиски: Pearl) — музички албум на американската рок-пејачка Џенис Џоплин од 1971 година.[10]

Надворешни врски уреди

Извори уреди

  1. Водич за бисери
  2. Како да разликувате лажни од вистински бисери
  3. Приказна за охридските бисери
  4. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 188-194.
  5. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 96.
  6. Amazon.co.uk, AZRA - Kad fazani lete, Album 1983 (CD) (пристапено на 12.1.2017)
  7. Discogs, Azra (3) ‎– Kad Fazani Lete (пристапено на 18.12.2021)
  8. YouTube, Diamonds and Pearls (пристапено на 30.11.2019)
  9. Smak ‎– Smak 1975 (пристапено на 25.1.2023)
  10. Discogs, Janis Joplin – Pearl (пристапено на 6.1.2023)