Биотехнологијататехнологија заснована врз биологијата, особено кога се употребува во земјоделството, храната, науката и медицината. Конвенцијата за биолошки разлики на Обединетите Нации (The United Nations Convention on Biological Diversity) ја дефинира биотехнологијата како: Секоја технолошка апликација која користи биолошки системи, живи организми или деривати за да произведе или модифицира производи или процеси за специфична употреба.

Споредба на разни биолошки строеви и технолошки уреди

Биотехнологијата често се поистоветува со генетското инженерство. Биоинженерството е наука на која се засноваат сите биотехнолошки апликации. Со развивањето на нови и модерни техники, традиционалните биотехнолошки индустрии исто така бараат нови хоризонти кои ќе им овозможат да го подобрат квалитетот на нивните производи и ќе ја зголемат продуктивноста на нивните системи. Пред 1971 година, изразот биотехнологија примарно се користел за обработка на храна и земјоделската индустрија. Од 1970 година почна да се користи и од страна на Западната научна организација (Western scientific establishment) како почеток на развивањето на лабораториските техники во биолошките истражувања, како што се рекомбинација на ДНК или останати процеси врз основа на ткивата на организмите или хоризонтален пренос на гените употребувајки вектори како што е Agrobacterium бактерија за пренесување на ДНК во организмот – домаќин. Всушност, терминот треба да се употребува во многу пошироки граници за да се опише употребата на сите методи, како антички така и модерни, користени за манипулација со органските материи а сè со цел да се достигнат барањата на производството на храна. Така, изразот може да биде дефиниран како „Апликација на вонредно или научно знаење во менаџментот на делови од микроорганизмите, или на клетките и ткивата на вишите организми, за сето ова да донесе добро и служи на употребата на идустријата за храна како и нејзините консументи“. Биотехнологијата комбинира дисциплини како што е генетиката, молекуларната биологија, биохемијата, ембриологијата, ензимологијата и клеточната биологија, кои се поврзани со практични дисциплини како што се хемиско инженерство, технологијата на информации (IT) и роботиката. Патобиотехнологијата го опишува експлоатирањето на патогените сложени наследувања за добротворен ефект.

Биотехнологијата како тема во популарната култура уреди

  • „Биотехнологијата е Годзила“ (Biotech Is Godzilla) - песна на бразилската треш метал-група „Сепултура“ (Sepultura) од 1993 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  • Колева Гудева, Лилјана; Трајкова Фиданка. „Биотехнологија и биодиверзитет: Аспекти на подобрување на генетските ресурси на земјоделските култури“ (PDF). Годишен зборник 2008 на Земјоделскиот факултет. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“. III: 57–66. ISSN 1409-987X.