Биографски или животописен филм — вид филм што обработува животен век на една или повеќе личности. Биографскиот филм се осврнува кон позначајните настани што се случиле на еден човек, било да се од општествени или приватни причини. Најчесто, животописните филмови се снимаат за позната личност од историјата, науката или спортот.