Билјана Ванковска

Билјана Ванковска (Скопје, 14 ноември 1959) — доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Активна во невладиниот сектор и е јавен заговарач РЕКОМ - Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на бивша Југославија од 1991-2001. Објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа.

Билјана Ванковска
Родена 14 ноември 1959
Скопје, СФРЈ СФР Југославија, денес Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор

Животопис уреди

Ванковска е родена во Скопје на 14 ноември 1959 година. Основното и гимназиското образование ги завршила во Скопје како првенец на генерацијата. Правниот факултет во Скопје го завршила во април 1982, а веќе во 1987 и магистрирала. Докторирала во 1992 година исто така на Правниот факултет на тема за улогата на војската во политиката. Почнала да работи како судиски приправник во Општинскиот суд Скопје I, за подоцна во 1983 година да се вработи како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Веќе во 1993 година била избрана за доцент, пет години подоцна за вонреден професор, а потоа и двапати во 2003 и 2008 година за редовен професор. Член е на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Активна е и во невладиниот сектор. Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на Македонски претседателски избори во 2014 година.[1]

Библиографија уреди

Ванковска има објавено преку стотина книги, поглавја и научни статии, најголем број од нив во странство и на англиски јазик. Таа е член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни списанија (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris), а ведно таа била и прв уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Таа е активна и во повеќе меѓународни научни здруженија, како IPSA, ISA, IPRA, EuPRA, IUS on Armed Forces and Society, ERGOMAS.

  • Between Past and Future: Civil-Military Relations in Post-Communist Balkan ... -Biljana Vankovska, Haken Wiberg
  • Civil-military Relations in the Third Yugoslavia - Biljana Vankovska, Håkan Wiberg

Наводи уреди

  1. Ванковска во трка за претседател - Телеграф.мк. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2014-02-21.

Надворешни врски уреди