Бик (хороскопски знак)

Хороскопскиот знак Бик (латински: Taurus, грчки: Ταύρος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 април и 20 мај. Со овој знак владее планетета Венера. Симболот Знакот на бикот ја претставува главата на бикот или божицата на Земјата што ја држи Месечината.

Бик
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


На патување низ зодијакот уреди

На вториот степен, човекот има потреба да го утврди она што го започнал. Се обидува да биде посигурен додека ужива во плодовите од својата работа. Бикот е комбинација од негативен капацитет за примање, фиксно ограничување, практичноста на земјата и убавината од неговиот владетел Венера.

Мотивација уреди

Бикот е градител. Ниеден друг знак нема поголемо разбирање за вредноста на основните потреби за живеењето: храна и пиење, кревет за легнување, покрив над главата и редовен приход. Неговите сетилни перцепции се многу силни (мириси, звуци, бои). Има потреба да создава имот, а не се откажува дури и кога е тешко. Неговата издржливост се граничи со тврдоглавост: кога ќе ги вкопа нозете на некоја позиција, не се откажува така лесно, ниту лесно го менува мислењето. Има извонредна меморија, но често е глув за она што не сака да го слуша. Негова парола е: „Јас имам."

Во работа и интереси уреди

Биковите имаат специјална дарба за манипулирање со парите, поради што некои се привлечени од професиите банкарство или сметководство. Други пак, се посреќни кога работат во професии поврзани со земјата - земјоделство, градинарство. Биковската креативност е значајна во наталните карти на уметниците од било кој тип: пејачи, музичари, сликари, поети, па дури и готвачи.

Во односи уреди

Биковите се бавни во искажување на нивните чувства, кои се долготрајни и длабоки. Знаат да создадат долготрајни пријателства и љубовни врски, и нерадо ја напуштаат врската, дури и кога е неуспешна. Не сакаат да бидат сами. Подароците ги ценат како физички израз на љубовта.

Домашен живот уреди

Посета на домот на Бикот е пријатно чувство: атмосферата е лежерна, декорот е пријатен, храната извонредна, а биковското уживање во едноставните нешта е заразно. Машкото Бик сака имот на село, а жената Бик го сфаќа мајчинството како природно исполнување. Но, треба да бидете подготвени да слушате за деталите поврзани со децата или за ценкањето на пазар.

Зборови кои го опишуваат Бикот уреди

Важи и за двата пола: решителен, чувствителен, практичен, пријатен, непосреден, доследен, упорен, постојан, трпелив, толерантен.

Понекогаш знае да биде: штедлив, здодевен, нефлексибилен, прекумерно посесивен, попустлив кон себе, тврдоглав, нетактичен.

Користена литература уреди

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.