Бикебург (германски: Bückeburg) — град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Бикебург

Bückeburg

Поглед кон главната градска црква
Поглед кон главната градска црква
Поглед кон главната градска црква
Грб на Бикебург
Бикебург во рамките на Германија
Бикебург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Шаумбург
Градски единици 13
Градоначалник Рајнер Бромбах (СДП)
Основни податоци
Површина 68,84 км2
Надм. височина 63 м
Население 19.351 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 281 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHG
Пошт. бр. 31675
Повик. бр. 05722
Портал www.bueckeburg.de
Местоположба на градот Бикебург во рамките на округот Шаумбург
Карта
Карта
Координати 52°15′39″N 9°02′57″E / 52.26083° СГШ; 9.04917° ИГД / 52.26083; 9.04917Координати: 52°15′39″N 9°02′57″E / 52.26083° СГШ; 9.04917° ИГД / 52.26083; 9.04917

Се наоѓа на границата со сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, близу ридовите на Везерското Средногорје. Бикебург се наоѓа 50 километри западно од покраинскиот главен град Хановер и 10 километри источно од Минден.

Од 1640-1647 година претставувал административно седиште на Грофовијата Шаумбург-Липе, од 1807 година на Кнежевството, а од 1919 до 1946 година бил главен град на Слободната Држава Шаумбург-Липе. Денес, во градот е сместен Уставниот суд на Долна Саксонија.

Географија уреди

Местоположба уреди

Бикебург се наоѓа северно од Везерското Средногорје на работ од Северногерманската Низина. Најниска точка во градот е 45 метри во местото Камер, додека највисока точка е 211 метри на Харл.

Градски единици уреди

Покрај самиот град, кон градското подрачје припаѓаат и следниве места: Ахум, Беренбуш, Бергдорф, Камер, Ефезен, Мајнзен, Мизинген, Нордхолц, Пецен, Реке, Русбенд, Шаје и Варбер.

Соседни општини уреди

Источно од градот се наоѓаат следниве градови и општини, сите во округот Шаумбург: општинската заедница Нидернверен, општинската заедница Нинштет, градот Обернкирхен, општинската заедница Ајлзен. На другире страни се граничи со градови во покраината Северна Рајна-Вестфалија: на југ со Порта Вестфалика, на запад со Минден и на север со Петерсхаген.

Водотеци уреди

Северно од центарот на градот, низ местата Русбенд и Беренбуш поминува Средногерманскиот Канал. Низ местата Ахум, Мајнзен, Варбер и Камер поминува Бикебургер Ауе. Шлосбах поминува низ самиот град и се влева во Бикебургер Ауе.

Клима уреди

Климата во Бикебург важи за главно топла и во текот на целата година има многу врнежи. Просечно годишно има 439 мм врнежи. Најсув месец е февруари, додека највлажен е јули. Најтопол месец е јули, додека најладен е јануари. Просечната годишна температура е 10,8 °C.

Клима на Бикебург
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4,6 5,9 10,2 15,4 20,1 22,4 25,4 24,2 20,6 14,7 9,2 7,4 15,1
Просечна минимална (°C) 0,3 0,3 2,2 5,2 8,9 12,0 14,4 13,6 11,5 8,1 4,3 3,2 7,0
Просечно кол. врнежи (мм) 63,0 36,0 40,0 44,0 46,0 59,0 92,0 62,0 48,0 62,0 58,0 50,0 660,0
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 19 14 15 14 11 16 16 17 14 17 15 19 187
Сончеви часови (дневно) 1 2 3 5 7 6 7 6 5 3 2 1 4
Извор: [1]; [2]

Историја уреди

Некогаш, Бикебург бил главен град на малото кнежевство Шаумбург-Липе. Куќите започнале да се градат околу замокот околу 1365 година и биле заштитени од градски бедеми во XVII век. Во XIX век бил поврзан со железницата Минден-Хановер и во негоа се наоѓала синагога.[2] Поетот Јохан Готфрид Хердер бил проповедник во замокот од 1771 до 1776 година.[3]

Во Бикебург по Втората светска војна се наоѓа британска касарна и имало голем број Британци до неодамна. Поголемиот дел од Британците работеле во Британската воена болница во соседниот град Ринтелн или во локалното англиско училиште „Принц Руперт“, исто така во Ринтелн. Бројот на британски војници значително се намалил кон крајот на 1990-тите години, кога се затворила болницата, додека училиштето било затворено во јули 2014 година.

Градби уреди

Замок Бикебург уреди

Замокот Бикебург (Schloss Bückeburg) бил резиденција на принцовите на Шаумбург-Липе. Иако, благородничкото семејство ја предало политичката моќ во 1918 година, тие уште живеат тука. Замокот, дел од него отворен за јавноста, е важно туристичко одредиште и поседува важна уметничка збирка и библиотека. Историјата на градбата се протега 700 години.

Во подрумските простории на замокот се наоѓа мавзолеј, исто така, отворен за јавноста. Изграден во 1915 година во неороманескнен стил и го претставува Пантеонот, тој претставува најголем приватен мавзолеј во светот, кој уште се користи. Куполата е украсена со импресивен златен мозаик, втор најголем од овој вид по тој во Аја Софија.

Музеј за хеликоптери уреди

Во градот се наоѓа музеј за хеликоптери, кој поседува рани графики на летечки објекти од Леонардо да Винчи, како и 40 вистински хеликоптери. Воздухопловната воена школа на германската војска ја користи воздухопловната база „Бикебург“ во близина.

Градска црква уреди

Градската црква на Бикебург (Bückeburger Stadtkirche) била една од првите лутерански цркви изградени по реформацијата. Позната е по својата проповедница и особено по накитената бронзена крстилница, направена од холандскиот уметник Адриен де Врис. Композиторот Јохан Кристоф Фридрих Бах (1732–1795), син на познатиот Јохан Себастијан Бах, работел во замокот Бикебург од 1751 година до својата смрт, првин како чембалист, а од 1759 година и како концертен мајстор на капелата. Бах е погребан во црковниот двор.

Сообраќај уреди

Бикебург има железничка станица, која е опслужувана од линијата С1 на Хановершката С-Железница. Постојат редовни врски на секој час помеѓу Бикебург и Минден и Хановер.

Меѓународни односи уреди

Збратимени градови уреди

Бикебург е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе уреди

 
Јохан Готфрид Хердер (1785 г.)

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. EB (1878).
  3. EB (1911).

Белешки уреди

Надворешни врски уреди