Берово

град во Македонија

Беровоград во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини, чии општински граници се простираат на површина од 598 км2. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани.

Берово
Град
Центарот на Берово
Центарот на Берово
Знаме на БеровоГрб на Берово
Берово is located in Македонија
Берово
Берово
Местоположба на Берово во Македонија
Координати: 41°42′N 22°51′E / 41.700° СГШ; 22.850° ИГД / 41.700; 22.850
ДржаваРепублика Македонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Берово
Управа
 • ГрадоначалникЗвонко Пекевски (СДСМ)
Надм. вис.&10000000000000986000000986 м
Население (2021)
 • Вкупно5,850
Часовен појасUTC+1
 • Лете (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.BE
Мреж. местоberovo.gov.mk

Етимологија уреди

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии.

Според првата, тоа го добило своето име по името на некојси сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.

Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села.

Географски одлики уреди

Берово е сместено во источниот дел на Македонија во областа Малешевија, односно Малешевската Котлина на 846 метри надморска височина. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име "малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. Во близина на Берово се наоѓа вештачкото Беровско Езеро, коешто поради недопрената природа и чистиот воздух претставува поволно место за развој на туризмот и околу езерото изградени се неколку туристички капацитети.

Историја уреди

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година е забележано селото Берова, кое заедно со еврејската маала имало вкупно 55 домаќинства. Во 1830 година во Берово е отворено ќелијно училиште, каде учителствувал Петар Клисаров од Штип.

Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.

Вкупно 38 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[1]

Клима уреди

Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови.

Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина. На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C. Просечната годишна минимална температура е 2,8 °C, а просечната максимална температура е 15,3 °C. Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м3. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м3, а секундарен во ноември -64,3 мм /м3. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м3, а секундарен во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.[2]

Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно. Во Беровската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март

Население уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Берово живееле 2.940 жители, од кои 2.300 Македонци христијани, 600 Македонци муслимани и 40 Роми.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 3.150 Македонци и 50 други жители.[4]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Беровскиот срез имало 18.144 жители, од кои 3.619 во градот Берово, 1.687 во Пехчево, а 12.838 во селата во областа Малешевија. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.538 (96,6 %) Македонци, 313 (1,72 %) Роми, 152 Срби, 81 Турчин и 60 останати.[5]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 7.002 жители и спаѓал во групата на мали градови.[6] Етнички гледано, населението е составено од:[7]

Етнички групи[7]
Македонци
  
91,4 %
Роми
  
6,5 %
Турци
  
1,2 %
други
  
0,3 %
Срби
  
0,1 %
Власи
  
0,08 %
Бошњаци
  
0,04 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 6.404 91,4
Турци 91 1,2
Роми 459 6,5
Власи 6 0,08
Срби 14 0,1
Бошњаци 3 0,04
други 25 0,3
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[7]:

Јазици[7]
македонски
  
97,3 %
ромски
  
1,5 %
турски
  
0,6 %
други
  
0,2 %
српски
  
0,1 %
влашки
  
0,05 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 6.816 97,3
турски 48 0,6
ромски 108 1,5
влашки 4 0,05
српски 11 0,1
други 15 0,2
Вероисповед

Во Берово се застапени следните религиски групи[7]:

Религија[7]
православие
  
90,4 %
ислам
  
7,9 %
други
  
1,5 %
католицизам
  
0,1 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 6.331 90,4
муслимани 556 7,9
католици 9 0,1
други 106 1,5

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Берово:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19483.619—    
19534.176+15.4%
19614.289+2.7%
19715.092+18.7%
ГодинаНас.±%
19816.070+19.2%
19916.903+13.7%
19946.752−2.2%
20027.002+3.7%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 3.619
1953 3.946 0 60 79 3 47 41 4.176
1961 3.995 3 134 30 127 4.289
1971 4.662 5 266 97 27 35 5.092
1981 5.513 6 128 300 1 19 103 6.070
1991 6.263 0 93 466 3 25 53 6.903
1994 6.267 0 97 327 2 27 32 6.752
2002 6.404 0 91 459 6 14 3 25 7.002

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Берово има 5.850 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 5.198
Албанци 1
Турци 60
Роми 339
Власи 1
Срби 8
Бошњаци 6
Други 237

Стопанство уреди

Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир, по кој Берово е надалеку познат. Исто така Берово е познато и по беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.

 
Берово, 1920-те

Цркви уреди

 
Манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово
 
Манастирот Успение на Пресвета Богородица

Берово има четири цркви, две капелни цркви плус една црквичка во месноста Туртела[8], каде монахињите од манастирот "Свети Архангел Михаил" поседувале манастирски имот, каде што чувале стока, а во црквичката обавувале богослужба односно молидбени обреди. Беровскиот манастир „Св. Архангел Михаил“, и женската сестринска задница одиграле голема улога во духовноста, просветеноста и ослободителните идеи на народот во Малешевијата. Најстара од четирите цркви e манастирската, која се наоѓа во комплексот "Свети Архангел Михаил". Потоа, во крајниот горен дел на градот се наоѓа црквата "Света Богородица", а во центарот постои исто така убава црква која го носи името "Света Богородица". Во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта се наоѓа црквата "Свети Тодор", а двете капелни црквички се наоѓаат исто така во крајниот југоисточен дел на Берово и тоа "Свети Ѓорѓи" и "Света Богородица". Сите цркви се градени во 18 и почетокот на 19 век. Најуредена во внатрешниот дел е црквата во манастирскиот комплекс "Свети Архангел Михаил". Иконостасите се изработувани од страна на прочуените дрворесци Ацко Арнаутов, Атанас Соколов и Коста Павлов. Иконите се творба на далеку познатиот зограф од Берово Гаврил Атанасов, кој занаетот го изучил во Света Гора. Во 2013 година поставен е камен темелник на црквата „Св. Гаврил Лесновски“.[9]

Манастирот „Св. Архангел“ што се наоѓа во Берово е единствениот манастир кај нас во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Манастирот е женски, а монаштвото го започнала сестра Евгенија во 1848 година. За изградбата на црквата "Св. Богородица" и зачетоците на сестринството во манастирот, во Берово се раскажува легенда за која дури и црквата вели дека е вистинска случка.[1]

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е машки манастир кај Берово. На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самото наоѓалиште има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.

Археолошки наоѓалишта уреди

Инфраструктура уреди

 
Главна улица на влез во Берово

Градот Берово се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и е поврзан со сообраќајниот систем на државата само со системите на патна мрежа и меѓуградскиот сообраќај на патници. Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци према внатрешноста на Република Македонија, со:

  • Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин) и
  • Р-523-Делчево-Пехчево-Берово-Струмица и
  • Р-524-Берово-Клепало (граница Р. Бугарија), кој не е активен поради неоформеност на структурата од страна на Република Бугарија, но има одобрено средства од Европска Унија и од октомври 2005 година, е почнат со изградба.
  • Р-603-Берово-Подареш-Радовиш е во форма на проектирање. Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта се со вкупна должина од 26,4 км и 109,94 ха од кои 14% се неасфалтирни земјени патишта. Од градските улици 27,94 км се асфалтирани и зафаќаат површина од 175,8 м2.

Основната улична мрежа на градот Берово ја сочинуваат ул. “Маршал Тито”, која се протега во источниот дел на градот и минува по целата негова должина и е дел од регионалниот патен правец Р-524 Берово- Клепало; ул “Новопроектирана” е обиколната сообраќајница поставена северозападно од градот и е дел од регионалниот патен правец Р-523 Делчево, Пехчево, Берово, Струмица; ул ”Борис Кидрич”; ул “Гоце Делчев”; ул “Партизанска”; ул “23ти Август” и ул “Илинденска”. Локалниот транспорт помеѓу Берово и околните населени места се одвива со јавен автобуски превоз, такси превоз и велосипеди или мотори. Во центарот на градот се наоѓа меѓуградската автобуска станица. Преку меѓуградскиот автобуски превоз Берово се поврзува со другите градови во државата и надвор од неа. Со отворање на граничниот премин према Република Бугарија се очекува да се зголеми честотата на автобуси и патници

Култура уреди

 
Музејот на град Берово

Музеј на град Берово уреди

Овој објект, за кој беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. изграден е на крајот на 19 век, па до осумдесеттите години на минатиот век имал различна намена, секогаш поврзана со дел од административните функции на градот- училиште, суд, библиотека. За жал, после тоа беше оставен на забот на времето, кој го претвори во непријатна глетка во самиот центар на Берово, опасна зона за пешаците поради елементите кои паѓаа и прашање на време беше моментот кога зградата ќе се урне. Но во соработка со невладините организации Амброзија и Берани најпрвин се обезбедиле средства за реконструкција преку проектот на Светска банка „Развој на општините и културата“. Сега објектот ги има сите атрибути што ги заслужува еден музеј

Домот на културата „Димитар Беровски“ уреди

Домот на културата „Димитар Беровски“ е единствената институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот во општина Берово. По ослободувањето во 1946 година за потребите кои се наложувале во Берово бил формиран „Работнички универзитет“ и „Народна библиотека“. Се организирале вечерни школи за описменување на населението, разни курсеви за потребите на работните организации, се одржувале предавања и трибини за општествено политичките односи и случувања во земјата.

Преку работничкиот универзитет кој го добил името „Моша Пијаде“, делувале и фолклорни групи и поединци кои по повод на значајни државни празници настапувале во Берово и населените места во општината, а сосема ретко и надвор во другите градови во Македонија. Подоцна во составот на Работничкиот универзитет „Моша Пијаде“, било отворено и првото кино во Берово. Кино „Малеш“ како што било именувано најпрвин почнало со работа во старата сала Соколана како што била наречена пред војната, а тогаш преименувана во „Партизан“.

Во 1953 година со доброволна работа била изградена кино сала, која и денес постои, а во која покрај ретките кино претстави се одржуваат и концерти, театарски претстави и други слични манифестации.

 
Дедо Иљо Малешевски, најпознатиот беровец

Кон крајот на шеесеттите години било отворено првото јавно гласило во општината „Радио Берово“ кое во составот на Домот работи до крајот на седумдесеттите, кога се оделува и работи како самостојно правно лице.

Личности уреди

Родени во Берово уреди

Починати во Берово уреди

  • Ацо Караманов (1927 - 1944), партизан починал кај местото наречено превалец

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  2. „Клима во Берово“. northmacedonia-timeless.com. Посетено на 2020-08-18.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 228.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  6. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2012-05-26.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Осветување на камен-темелник за изградба на нов манастирски храм во Берово. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-09-06.

Надворешни врски уреди

Одредници од Берово
Митрашинци Пехчево
 
Русиново
  С  
З   И
  Ј  
Струмица Беровско Езеро
 
Свети Врач