Берн е главен град на Швајцарија. Со 128.041 жител тој е петтиот по големина град, по Цирих, Женева, Базел и Луцерн. Во пошироката урбана зона живеат над 660.000 жители и со тоа Бернската област е четврта најнаселена област во Швајцарија.

Берн
Грб на Берн
ДржаваШвајцарија
КантонБерн
Управа
 • ГрадоначалникStadtpräsident
Александар Запат
Површина[1]
 • Вкупна51,62 км2 (1,993 ми2)
Надм. вис.&10000000000000542000000542 м
Население (Грешка: погрешен формат за време[2])
 • Вкупно125,681
 • Густина24/км2 (63/ми2)
ДемонимБернер
Поштенски код3000
БИЗ број0351
Мреж. местоbern.ch
SFSO statistics
Панорама на Берн.

Градот Берн веќе со години се наоѓа меѓу неколкуте први места на листата градови по квалитетен живот. Покрај тоа, стариот дел од градот, кој е добро сочуван и извонредно уреден, е ставн на списокот на Светските градини на УНЕСКО.

Природни услови уреди

 
Снимка: Берн од птичји поглед

Берн се наоѓа во средишниот дел на Швајцарија, подеднакво оддалечен од Германија, Франција и од Италија. Од Цирих, градот е оддалечен 125км југозападно, од Женева 165км североисточно, а од Базел 100км јужно.

Релјеф: Берн е сместен во центарот на Швајцарска висорамнина (450-600м. н. в.), која претставува „житница“ на државата и нејзин најгусто населен дел. Јужно од градот започнуваат да се издигаат првин пониските планини, а потоа (30-40км) и високите планини Алпи, кои тука се нарекуваат Бернски Алпи. Самиот град се наоѓа на реката Аре, на околу 540м надморска височина.

Клима: Климата во областа на Берн е претежно умерено-континентална, но поради значајната надморска височина има нешто поостар облик.

Води: Берн се формирал на брегот над округот на реката Аре, која овој дел од течението прави долина. Реката и градот заедно „прераснале“, па затоа реката Аре е и симбол на градот Берн.

Историја уреди

 
Приказ на Бернод 17 век
 
Дел од стариот Берн до реката Аре
 
Улица Крамгас
 
Трамвај "Комбино" кај Градската железничка станица

Првите населби на местото на Берн се поврзуваат со времето од праисторијата и келтските племиња. Со почетокот на новата ера ова подрачје го населиле Римјани и основале населба на местото на претходното, задржувајќи го името Бренодурум, од кое е изведено денешното име за градот. Во подоцнежните векови ова населба станала опустошена.

Денешниот град Берн бил основан во 1191 година од страна на Бертхолд V нарекувајќи го по името на мечката која ја убил. Населбата брзо напредувала, па така во 1211 година ги добила градските права.

Најзначајна битка во Берн била против обединетото племе Бургундера од 1339 година, а веќе во 1353 година, градот со околината се придружил на сопствената Швајцарска конфедерација. Градот доста бргу станал најважно градско средиште на конфедерацијата.

Последната голема војна поминала низ градот во време на освојувањата на Наполеон во периодот помеѓу 1798-1815. Берн станал главен град на бернскиот кантон во 1831 година, а во 1848 година и на цела Швајцарија.

Во текот на XX век градот бил поштеден од какви било разорувања и отворен за сите луѓе, па бил место на бројни состаноци и самити на меѓународно ниво.

Население уреди

Според проценките од 2008 година во Берн живееле приближно 129.000 жители, а во градската зона близу 350.000 жители. Според двете проценки, Берн е четврт град во Швајцарија. 21,9% од градското население го сочинуваат луѓе без швајцарско државјанство.

Јазик: Швајцарските германци традиционално го сочинуваат населението на градот и германскиот јазик во градот е службен како и во поголемиот дел од кантонот. Меѓутоа, градското население во текот на изминатите неколку децении станало, многу шаренолико, па на улиците на Берн се слушале бројни други јазици. Најчести други јазици се францускиот (3,9%) и италијанскиот (3,6%).

Вероисповед: Германците во 16 век го прифатиле протестантството. Меѓутоа, последните децении во градот многу се зголемил бројот на римокатолиците. Денешниот верски состав на градот е: протестанти 59%, римокатолици 20%, атеисти 13%, а муслимани, православци и евреи го сочинуваат остатокот.

Стопанство уреди

Како главен град на држава Берн е првенствено управно, културно и образовно средиште, благодарејќи на извонредно убавиот стар градски алштат и важниот туристички центар. Во него се наоѓаат амбасадите и претставништва на повеќе од 120 земји. Многу мал процент од населението е вработен во индустријата и банкарството, сообраќајот, а посебно во споредба со другите големи градови во Швајцарија.

Знаменитости на градот уреди

Стариот градски алштат на Берн во голем дел е сочувано од времето на средниот век и затоа од 1983 година се наоѓа под заштита на УНЕСКО на листата Културни градини на светот. Покрај стариот градски алштат со својата убавина е привлечна и долината на реката Аре со убавите крајбрежни делови, а исто така привлечен е и дипломатскиот дел на градот со многу управни згради. Покрај тоа, градот има многу мостови, кои го поврзуваат стариот дел од градот со новиот. Од нив се пружаат многу интересни у убави призори на реката и на градот.

Од позначајните споменици најголемо значење имаат:

  • Часовникот на кулата Цитлог од 15 век,
  • Градската катедрала во готски стил, градена од 15 век до 19 век,
  • Старата градска куќа,
  • Ајнштанхаус, куќа во која во почетокот на XX век живеел Алберт Ајнштајн, работејќи на универзитетот во Берн дошол до теоријата на релативитет,
  • Мечкина јама, која постои од 16 век, денес пружа поглед на стариот Берн,
  • Зградата на федерацијата, градена од 1857-1902 година, каде е и седиштето на државното собрание,
  • Градината на розите, поранешни гробишта, кои во 1913 година биле претворени во парк,
  • Нова градска фонтана, најверојатно една од најновите знаменитости на Берн, отворена е во 2004 година испред зградата на федерацијата,
  • Културниот центар Пол Кле, едно од современите градби на градот.

Предлошка:Панорамица

Галерија уреди

Наводи уреди