Бериково

село во Општина Кичево

Бериково — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 селото било дел од Општина Осломеј, која се споила со Кичево.

Бериково
Бериково во рамките на Македонија
Бериково
Местоположба на Бериково во Македонија
Бериково на карта

Карта

Координати 41°38′30″N 21°0′39″E / 41.64167° СГШ; 21.01083° ИГД / 41.64167; 21.01083
Општина  Кичево
Население 34 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 12005
Надм. вис. 921 м
Бериково на општинската карта

Атарот на Бериково во рамките на општината
Бериково на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во Кичевската Котлина, на крајниот ридско-планински северен дел на територијата на Општината Кичево. Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од централното место Кичево, населбата е оддалечена 18 км.

Историја уреди

Во Минатото селото бико чисто македонско. Но во 1785 година тоа било исламизирано, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба[2].

Стопанство уреди

Атарот не е голем и зафаќа простор од 5,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 108,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 109,7 ха, а на шумите 315,3 ха. Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948243—    
1953273+12.3%
1961259−5.1%
1971283+9.3%
1981245−13.4%
ГодинаНас.±%
19913−98.8%
1994178+5833.3%
2002168−5.6%
202134−79.8%

Според податоците од 1873 година, во селото имало 20 домаќинства со 35 жители муслимани и 50 христијани (Македонци).[4]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Бериково имало 155 жители, сите Албанци.[5] Според него христијаните (Македонци) се иселиле од селото пред 1870 година.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[7]

Бериково е населено со албанско население, кое во 1961 година броело 259 жители, додека во 1994 година 178 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 168 жители, сите Албанци.[8] Голем дел од населението се иселува во странство.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 30 Албанци и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 243 273 259 283 245 3 178 168 34
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови уреди

Бериково е албанско село.

Родови во селото се: Демире (10 к.) и Имере (4 к.) порано биле еден род. Тоа се најстари доселеници во селото. Доселени се во првата половина на XIX век од Матија, Албанија, во родот Демире се знае следното родословие: Назиф (жив на 40 г. во 1961 година) Алит-Садик-Ислам-Демир, основачот на родот кој дошол; Смајле (8 к.) и Адиле (5 к.) доселени се исто така од Матија, Албанија; Неле (3 к.) и Бене (3 к.) порано биле еден род. Исто така доселени од областа Матија; Османе (1 к.), Мацуке (1 к.), Калеше (1 к.) и Иде (1 к.) доселеници од околните села. Османе се од Туин, таму припаѓале на родот Баше. Мацуке се од Папрадишта, таму припаѓале на истоимениот род. Калеше се од Ќафа каде имаат истоимени роднини.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

  • Рајцажет - археолошко наоѓалиште, рудник од доцниот среден [15]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 797 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 155 гласачи.[17]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

До 1961 година од селото имало иселување во Поповјани (1 семејство), Кичево (2 семејства) и во Турција (3 семејства).[14]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 27.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.95.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди