Берег е административна област на Кралството Унгарија. Оваа територија сега е во североисточна Унгарија и западна Украина. Главен град на округот бил Берегово.

Етничка карта на округот со податоци од пописот од 1910 година

Географија уреди

Областа Берег ги дели границите со австриската земја Галиција (сега во Полска и Украина) и унгарските земји Марамарос, Угоца, Сатмар, Саболч и Унг. Се наоѓала помеѓу Карпатите на север и реката Тиса на југ. Нејзината површина изнесувала околу 3788 км² во 1910 година.

Историја уреди

 

Берег е една од најстарите земји во Унгарија. Во 1920 година. Тријанонскиот договор го доделил најголемиот дел од територијата во Чехословачка. Југозападниот дел останал во Унгарија (округ Сатмар-Угоца-Берег).

По договорот во Виена од 1938 година, по распадот на Чехословачка, комплетната област била окупирана и припоена од Унгарија. Областа Берег била пресоздавана, повторно со Берегово како главен град.

По Втората светска војна, територијата на округот Берег станала дел од Советскиот Сојуз, украинската ССР, Закарпатската област. Од 1991 година, кога Советскиот Сојуз се поделил, регионот Закарпатска област е дел од Украина.

Југозападниот дел на округот, кој бил во Унгарија пред Втората светска војна, станал дел од унгарската област Саболч-Сатмар. Оваа област беше преименувана во Саболч-Сатмар-Берег во 1990-ти години.

Демографија уреди

Во 1900 година, округот имал население од 208.589 луѓе и бил составен од следниве јазични заедници:[1]

Според пописот од 1900 година, округот бил составен од следниве верски заедници:[2]

Вкупно:

1910 година уреди

Во 1910 година, округот имал население од 236.611 луѓе и бил составен од следниве јазични заедници:[1]

Вкупно:

Според пописот од 1910 година, округот бил составен од следниве верски заедници:[2]

Вкупно:

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „KlimoTheca :: Könyvtár“. Kt.lib.pte.hu. Посетено на 2012-06-24.
  2. 2,0 2,1 „KlimoTheca :: Könyvtár“. Kt.lib.pte.hu. Архивирано од изворникот на 2014-02-21. Посетено на 2012-06-24.