Бергедорф е кварт (Stadtteil) во истоимениот округ (Bezirk) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.

Бергедорф
Кварт во Хамбург
Bergedorf Castle
Bergedorf Castle
Bergedorf Castle
Бергедорф во рамките на Германија
Бергедорф
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Бергедорф
Основни податоци
Површина 11 км2
Население 41.019  (1 јануари 2006)
 - Густина 3.729 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Координати 53°29′0″N 10°13′0″E / 53.48333° СГШ; 10.21667° ИГД / 53.48333; 10.21667

Историја уреди

Квартот бил првпат споменат во 1162. Денешниот кварт е стариот град Бергедорф и се наоѓа на реката Биле, десна притока на Елба.

Географија уреди

Бергедорф, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Хамбург, се граничи со квартовите Лобриге, Билвердер, Алермее, Курслак и Алтенгаме; и со округот Војводство Лауенбург, во Шлезвиг-Холштајн.

In 2006, the quarter Bergedorf has an area of 11.3 km2 (4 ми).

Демографија уреди

Во 2006, во квартот Бергедорф живееле 40.678. Густината на населеност била 3.587 жители на км2. 19% биле деца под 18 години, а 16,2% имале 65 или повеќе години. 9,9% биле странци. 2.479 луѓе биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, постоеле 19.603 домаќинства и 38% од сите домаќинства биле составени од поединци.[2]

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Бергедорф биле регистрирани 15.104 приватни возила (372 возила/1000 луѓе).[1]

Постојат 8 основни и 5 средни училишта во квартот Бергедорф и 112 лекари во приватни ординациии и 12 аптеки.[1]

За разлика од останатите квартови на Хамбург, Бергедорф сè уште го има своето градско собрание.

Познати жители уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Надворешни врски уреди