Бентли „Државна лимузина“

возило на британскиот монарх

Бентли „Државна лимузика“ (англиски: Bentley State Limousine) — автомобил направен од „Бентли“ (Bentley Motors Ltd) за кралицата Елизабета II по повод нејзиниот златен јубилеј во 2002 г.

Bentley State Limousine
ПроизводителБентли
Период2002
2 примерока
Мотор6.750 см3 — двоен турб.Ролс-Ролс V8
Меѓуос. раст.3.844 мм
Должина6.220 мм
Ширина2.000 мм
Висина1.770 мм

Автомобилот има двоен турбомотор со работна зафатнина од 6.750 см3 и 8 цилиндри. Ова е прилагодена верзија на моделот Arnage R со моќност од 400 кс и момент на сила од 835 Њм. Максималната брзина е ограничена на 210 км/ч.

Лимнузината е за 0,91 м подолга од стандардниот Arnage, повисока за 25,4 см и поширока за 15,24 см. Опремена е со широки врати чии шарки се одзади и се отвораат речиси 90 степени.

Автомобилот е блиндиран, има противмински под, стакло кое издржува пукање од базука и кабина која се запечатува против напад со гас. Овие безбедносни мерки му даваат на автомобилот тежина од 4.000 кг, и тој се движи на зарамнети гуми.

Направени сае само два примерока од овој автомобил — и двата за кралицата и со тоа е уште поредок од легендарниот Ролс-Ројс „Фантом IV“, со само 18 примерока, ексклузивно само за кралски семејства и шефови на држави.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди