Белоруска книжевност

Белоруската литература (белоруски: Беларуская лiтаратура) е поим со кој се опфаќаат издадената проза и поезија на белоруски јазик.

Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Историски развој уреди

Белоруската книжевнист пред 17 век уреди

Белоруската книжевна традиција е основана врз темелите на книжевната традиција на Киевскиот Рус. Киевскиот Рус е база и за украинската и руската книжевност. Посебна белоруска книжевност, со белоруски јазични елементи во Белорусија, се појавила во 14 или 15 век. Златниот период на старта белоруска книжевност бил во 16 и 17 век. Во овој период старобелорускиот јазик бил службен јазик во Големото војводство Литванија. Статутите на Војводството во 1529, 1566 и 1588 година, како и останата религиска книжевност, била објавувана на белоруски. Од раниот 16 век било започнато со објавување белоруска книжевност. Првата печатена книга на старобелоруски била еден паслтир кој бил печатен во Прага од Франциск Скарина во 1517 година. Ова е воедно и првата книга објавена на источнословенски јазик. За време на 16 и 17 век се појавиле и драмата и поезијата, кои биле под влијание на полската книжевност.

Белоруската книжевност во XVIII и XIX век уреди

Поради културната доминација на полскиот и рускиот јазик, белоруската книжевна традиција била значително оштетена во 18 век. Нејзината ренесанса започнала во првата половина на 19 век, кога анонимната сатирична поема „Тарас на парнасе“ била објавена. Првите романи биле дело на Паулјук Бахрим и неколку други дела била авторство на полски поети родени во Белорусија. Такви поети се на пример Јан Баршчевски, Јан Чечот, Адам Микиевич, Винцент Дунин-Марцинкиевич или Андреј Рипински. Честопати книгити биле објавени на латиница, не на кирилица. Во втората поливина на 19 век се воздигнала книжевната традиција на Францишак Бахушевич, Адам Хуринович и други.

Белоруската книжевност во 20 век уреди

Нов период за белоруската книжевност започнал по Руската револуција во 1905 година. По оваа револуција се објавиле првите весници на белоруски, „Наша нива“ и „Наша долина“. Овие весници зближиле група автори кои се бореле за развивање на белорускиот јазик и неговата литератира. Овој период бил богат со романтизам, модернизам и реализам.

Познати белоруски автори уреди

Меѓувоен период
Современи писатели

Поврзано уреди