Белен или Бељан грчки: Σίλλη, Сили, до 1927 г. Μπελέν или Μπέλλεν, Белен[2][3][4]) — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Белен
Στέρνα
Белен is located in Грција
Белен
Белен
Местоположба во областа
Белен во рамките на Бук (општина)
Белен
Местоположба на Белен во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°21′N 24°32′E / 41.350° СГШ; 24.533° ИГД / 41.350; 24.533
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБелен
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 56 километри источно од градот Драма и на 17 километри северно од Општина Бук. Селото се наоѓа на во јужните делови на Родопите, источно од реката Места. Селото се наоѓа на надморска височина од 750 метри.

Историја уреди

Според Јордан Н. Иванов името на селото произлегува од Белјане[5]. Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според еден регитар на санџакот Паша од 1569 - 1570 година, селото е запишано како даноко Белана и во него живееле 41 муслиманско семејство и 40 неоженети лица[6].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 50 македонски муслимански семејства[7][8].

Според грчката статистика од 1913 година во селото живееле 397 жители[9] Во 1920 година во селото биле регистрирани 482 жители.[10] Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција во 1923 година, муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови, додека не негово место било населено грчко население од Анадолија.

Во 1927 година мето на селото било променето во Сили.[11]

Демографија уреди

До 1928 година во Белен биле населени 49 грчки семејства со 162 бегалци од Турција.[10]

Селото во пописот од 1940 година, во селото имало 164 жители, во 1951 година броело 148 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 58 жители, во 1971 година имало 9 жители. На пописот од 1981 година според Тодор Симовски, селото не се споменува бидејќи веќе била напуштена населба и седиштето на општината било пренесено во соседната Џура. Но според пописот од 2001 година, се гледа дека во селото живеат 44 лица.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 164 148 58 9 44 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  5. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 76.
  6. Стојановски, Александар (2007). Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Сер и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македонија. стр. 33–34. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  10. 10,0 10,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 141.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име грчки имиња.