Белградски универзитет

Белградски универзитет (српски: Универзитет у Београду / Univerzitet u Beogradu) — државен универзитет кој се наоѓа во Белград, Србија. Тој е најстариот и најголем универзитет во Србија, и еден од најзначајните образовни и истражувачки центри во Југоисточна Европа.

Белградски универзитет
Универзитет у Београду
Univerzitet u Beogradu
Поранешно име
Белградска високообразовна школа
1808–1905[1]
Виддржавен
Основан1808; пред 215 години (1808)[2]
Академска припадност
ЕАУ
ERASMUS
DAAD
AUF
DRC
РекторВладимир Бумбаширевиќ
Наставен кадар
6,427 (2017)[2]
Административен кадар
3,724 (2017)[2]
Студенти75,047 (2017)[2]
МестоБелград, Србија
Бои         
bg.ac.rs

Универзитетот бил основан во 1808 година како Белградска високообразовна школа во времето на Српската револуција. Во 1838 година школата се споила со одделенијата со седиште во Крагуевац во еден универзитет. Универзитетот има околу 75.000 студенти и над 6.400 членови на академскиот кадар[3]. Од своето основање, универзитетот има образовано повеќе од 378.000 студенти, околу 25.100 магистри, 29.000 специјалисти и 14.670 докторати[2]. Универзитетот се состои од 31 факултет, 12 истражувачки институти, универзитетска библиотека и 9 универзитетски центри. Факултетите се организирани во 4 групи: општествени науки и хуманистички науки, медицински науки, природни науки и математика и технолошки науки.

На престижната Шангајска ранг-листа, универзитетот се рангира помеѓу 201 и 300 место, според податоци од 2016 година. Во 2014 година бил рангиран помеѓу 151-200, посебно во областа на математиката и физиката.

Историја уреди

19 век уреди

Универзитетот во Белград бил основан во 1808 година како Белградска високообразовна школа (српски: Голема школа) од Доситеј Обрадовиќ, српска клучна личност во времето на просветителството. Школата била највисоко рангираната образовна институција во Србија помеѓу 1808 до 1905 година, како прва Виша школа (1808-1813), Белградски Лицеј (1838-1863) и Втора Виша школа (1863-1905). Првично била сместена во зградата на принцезата Љубица, а потоа школата се преселила во уште една значајна локација во Белград, куќата на капетан Миша, денешно седиште на универзитетот.[1]

 
Доситеј Обрадовиќ, основач на универзитетот

Второто Високо училиште (исто така познато како Голема школа или Голема академија во Белград) било основано како наследник на Белградски Лицеј и претставувало комбинација на класична гимназија и колеџ, а како такво се развило и како универзитет. Според законот, универзитетот бил дефиниран како „научен институт за високо и стручно образование“. Министерот за образование имал контрола над оваа институција и бил раководен од ректорот (избран од монархот) и академскиот совет.

Во својата рана историја универзитетот имал три одделенија: филозофија, инженерство и право. Високата школа формално станала универзитет преку Законот за универзитет од 27 февруари 1905 година. Покрај одделенијата за филозофија, право и електротехника, овој закон ги вовел и Православната теологија и медицинските науки.

Во почетокот на 19 век, студиите по право траеле три години, а наставната програма вклучувала компаративно и државно (уставно) право, меѓународно право, кривично право и судска постапка, како и општи предмети. Пред запишување на правен оддел, задолжително било дипломирано на одделот за филозофија каде што студиите траеле две години, па правните студии траеле вкупно пет години. Од 1853 година, правното образование станало независно од студиите за филозофија, а од 1863 година правното образование во Србија траело четири години.

Од 1841 до 1863 година, пред да се запише еден студент во правното одделение, задолжително требало да дипломира на одделот за филозофија, каде што студиите траеле две години. Предавањата ги воделе познати професори кои ги стекнале своите дипломи во Австрија, Германија и Франција (Јован Стерија Поповиќ, Јосиф Панчиќ, Ѓура Даничиќ и други).

Во текот на 1850-тите, Одделот за филозофија се развил во одреден колеџ. Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград е денешното продолжување на овој оддел.

Првото академско предавање за електротехниката во Србија се одржало во 1894 година. Професорот Стеван Марковиќ бил првиот предавач и основач на Инженерскиот оддел во Високата школа. Само четири години подоцна, професорот Марковиќ, исто така, ја основал и првата српска електротехничка лабораторија. Оттогаш, оваа академска дисциплина се изучува во Високата школа и на Универзитетот во Белград. Првите дипломи во оваа област биле дадени во 1922 година.

20 век уреди

 
Првите професори на Универзитетот во Белград (1905).

Универзитетот во Белград доживеал голем пораст и проширување во годините пред Втората светска војна, а особено по основањето на Втора Југославија. Првата жена која дипломирала на Правниот факултет во Белград било во 1914 година[4].

Во 1960-тите и 70-тите, Универзитетот се развил во извонредна регионална и меѓународна образовна институција. Многу ученици од други земји биле обучени таму. Во времето на СФРЈ, универзитетот бил проширен, но исто така бил изложен и на државно и идеолошко влијание. Тој, исто така, претставувал и движечка сила за основање на скоро сите други универзитети во денешна Србија, Црна Гора, Македонија и неколку универзитети во Босна и Херцеговина[4].

Во 1968 година, студентите го организирале првиот масовен протест во Југославија по Втората светска војна.

Во раните 1990-ти, квалитетот на универзитетските програми се влошил како последица на политичката нестабилност во земјата и последователните војни во Југославија. Постоел недостаток на финансиски ресурси и квалитетот значително се намалил. За време на владата на Слободан Милошевиќ во Србија, универзитетот морал да се соочи со надворешен политички притисок и со недостаток на академска и административна автономија[5].

Во средината на 1990-тите, универзитетот станал меѓународно признаен центар на политичката опозиција во Србија. Масовните антивладини протести биле изведени од белградските студенти и професори. Студентските организации на универзитетот (особено Отпор!), значително придонеле за соборување на владата[6].

21 век уреди

Од 2000 година, универзитетот презел важни чекори и ги подобрил капацитетите и квалитетот на наставата. Универзитетот од тогаш направил големи напори за подобрување на внатрешната структура и станал потписник на Болоњската декларација. Како еден од најголемите универзитети во Европа со запишување на речиси 90.000 студенти, универзитетот во голема мера соработува со меѓународни академски институции и е вклучен во безброј билатерални и мултилатерални академски проекти.

Рангирање уреди

Универзитетот во Белград го зазел своето место меѓу првите 300 универзитети во светот, според последното рангирање од 2017 година, подобро познато како Шангајска листа. Во областа на математиката, универзитетот е рангиран меѓу првите 150 универзитети во светот[7].

Кампус уреди

 
Зградата на администрацијата

Кампусот бил развиен во текот во 19 век и денес голем број на универзитетски објекти претставуваат важен дел од белградската архитектура и културно наследство. Во дел од поранешните седишта на универзитетот, денес се наоѓаат музејот на Вук и Доситеј и принцезата Љубица. Историската правна школа во Суботица (1920-1941) исто така била дел од универзитетот во Белград. Некои од објектите по Втората светска војна биле изградени во бруталистички стил. Универзитетот располага со локации насекаде низ градот, со два големи кампуси, еден веднаш до улицата „Кнез Михајло“ на Студентски Трг, а другиот на булеварот „Крал Александар“. Универзитетот поседува единаесет студентски домови низ градот за 11.340 студенти, вклучувајќи еден комплекс во Нов Белград. Многу од факултетите имаат посебни згради на различни локации во Белград. Универзитетот, исто така, поседува неколку згради во центарот на градот, од кои повеќето се изградени во 19 и почетокот на 20 век.

 
The Белградска универзитетска библиотека

Централната административна зграда, Филолошкиот факултет и Филозофскиот факултет, се наоѓаат на Студентски Трг. Биолошки факултет, факултетот за географија, Математичкиот факултет, Факултетот за физичка хемија, Физичкиот факултет и Хемискиот факултет се сместени во една зграда на Студентски Трг. Универзитетската библиотека, Правната школа, Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет, Електротехничкиот факултет, Машинскиот факултет се наоѓаат во кампусот на Булевар „Крал Александар“.

Други позначајни академски локации вклучуваат зградата на Економскиот факултет во близина на центарот на градот, Факултетот за православна богословија во населба Палилула, зградата на Факултетот за обука на наставници во општина Савски Венац, Факултетот за безбедносни студии во населбата Врачар, и Факултетот за дефектологија во населбата Доркол. Медицинскиот факултет и Стоматолошката школа ја делат зградата во близина на паркот Караѓорѓе. Медицинските наставни објекти, како што се Универзитетскиот болнички центар или Институтот за ментално здравје, се на други локации во градот. Земјоделскиот факултет се наоѓа покрај Градскиот парк Земун. Факултетот за политички науки и Факултетот за организациски науки се наоѓаат близу еден до друг во истата улица во населбата Вождовцац.

Организација и администрација уреди

Универзитетот во Белград е раководен од 44-члениот Сенат на Универзитетот избран на тригодишен мандат. Сенатот е составен од ректорат, 4 проректори, 31 декани, 4 претседатели на советите на група факултети и 4 директори на научни институти. 8 ученички претставници со едногодишен мандат избрани од Студентскиот парламент на универзитетот учествуваат во работата на Сенатот. Ректорот обезбедува управување и го претставува универзитетот надворешно[8].

Универзитетскиот совет е раководно тело од 31 член. Универзитетот доверува 21 членови, од кои 5 се именувани од српската влада и 5 се избрани од Студентскиот парламент на универзитетот. Универзитетскиот совет има претседател и потпретседател. Покрај овие тела, универзитетот има советодавни академски совети и стручни одбори, назначени да донесуваат одлуки и да го искажат своето мислење за изборот на наставниот кадар[9].

 
Факултет за технички науки
 
Филолошкиот факултет
 
Факултет за технологија и металургија
 
Факултет за сообраќајно инженерство

Факултети уреди

Универзитетот е поделен на 31 факултет, вклучувајќи:

  • Земјоделство
  • Архитектонски факултет
  • Биологија
  • Хемија
  • Градежништвото
  • Економија
  • Електротехнички факултет
  • Шумарство
  • Географија
  • Правен факултет
  • Математика
  • Механички инжинеринг
  • Медицина
  • Рударство и геологија
  • Организациски науки
  • Источно православно богословие
  • Аптекарство
  • Филолошки факулте
  • Филозофски факултет
  • Физичка хемија
  • Физика
  • Факултет за политички науки
  • Факултет за безбедносни студии
  • Специјално образование и рехабилитација
  • Спорт и физичко образование
  • Стоматологија
  • Обука на наставници
  • Технички науки
  • Технологија и металургија
  • Транспортно инженерство
  • Ветеринарна медицина

Истражувачки институти уреди

-
  • Институт за применета јадрена енергија
  • Институт за хемија, технологија и металургија
  • Институт за историја
  • Институт за медицински истражувања
  • Институт за молекуларна генетика и генетско инженерство
  • Институт за мултидисциплинарни истражувања
  • Институт за филозофија и социјална теорија
  • Институт за физика
  • Институт „Михајло Пупин“
  • Институт за електротехника „Никола Тесла“
  • Институт за биолошки истражувања „Синиша Станковиќ“
  • Јадрен институт Винча

Центри уреди

-
  • Информативен центар
  • Компјутерски центар
  • Српско-јапонски центар за научни симулации
  • Центар за развој на кариера
  • Центар за стратешки менаџмент
  • Центар за трансфер на технологии
  • Центар за ученици со хендикеп
  • Центар за обезбедување на квалитет
  • Центар за доживотно учење

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „History of the University“. University of Belgrade. Архивирано од изворникот на 2022-09-01. Посетено на 2010-05-11.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Лична карта“. bg.ac.rs (српски). University of Belgrade. Архивирано од изворникот на 2023-02-10. Посетено на 28 December 2017.
  3. Word by the Rector Архивирано на 6 октомври 2010 г., University of Belgrade homepage. Retrieved 2010-05-11.
  4. 4,0 4,1 Kandić Ljubica, Istorija Pravnog fakulteta 1905-1941, Zavod za udžbenike Beograd (Belgrade, 2002), ISBN 86-17-09760-4
  5. Gross Jan, Banac Ivo et al., Fired in Belgrade, The New York Review of Books (1990). Retrieved 2010-05-10.
  6. Šušak Bojana, An Alternative to War, In The Road to War in Serbia: Trauma and Catharsis, ed. Neboiša Popov (Budapest 2000), pp. 479–508, p. 500.
  7. „Belgrade University Improves Ranking on Shanghai List - English - on B92.net“. b92.net. Посетено на 16 March 2018.
  8. The University Senate Архивирано на 17 април 2010 г., University of Belgrade website. Retrieved 2010-05-11.
  9. The University Council Архивирано на 17 април 2010 г., University of Belgrade website. Retrieved 2010-05-11.

Надворешни врски уреди