Бела Места

река во Пиринска Македонија, составница на Места

Бела Местарека во Разлошко (Општина Јакоруда), Пиринска Македонија, десна составница на реката Места. Долга е 19,7 км.[1]

Бела Места
Местоположба
МестоРазлошко, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоРопалички Езера, Источна Рила
 • координати42°08′37″N 23°35′59″E / 42.1436° СГШ; 23.5997° ИГД / 42.1436; 23.5997
 • надм. вис.2.690 м
Устие 
 • место
р. Места, 5 км СИ од Јакоруда
 • координати
42°02′07″N 23°42′37″E / 42.0353° СГШ; 23.7103° ИГД / 42.0353; 23.7103
 • надм. вис.
941 м
Должина19,7 км
Големина на сливот82,6 км2
Проток 
 • просечен1,73 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Реката почнува под името Ропалица истекувајќи од Ропаличките Езера на 2.690 м.н.в. на Источна Рила[2]. По целото течение оди по тесна, длабока и карпеста долина, а малку пред устието истата се проширува и образува речни тераси. До устието на Грнчарица оддесно Ропалица тече на југ, а потоа нагло свртува на исток. Откако ќе ја прими левата притока Казаничка Река (Џенемдере), веќе под името Бела Места, свртува на југ-југоисток. На 1,8 км југозападно од с. Черна Места (на 94 м.н.в.) Бела Места се слева со Црна Места и двете заедно го сочинуваат почетокот на самата река Места.

Сливот на реката зафаќа 82,6 км2, што претставува 2,4 % од вкупниот слив на Места.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Грнчарица
  • → Јанчова Река
  • → Казаничка Река (Џенемдере)
  • ← Шишково Дере
  • ← Баненска Река

Средниот годишен истек во месноста Мечкина Дупка (Меча дупка) изнесува 1,73 м3. Поради големата висинска разлика на течението, Бела Места има два јасно изразени највисоки и најниски водостоја. Во високите предели најполноводна е во мај, а најслабоводна во февруари; во ниските предели тие се во април и септември. Средниот наклон на течението е многу голем — 64,7 м/км. Средната надморска височина на сливот изнесува 1.595 м.

По течението на Бела Места нема населени места.

Водите од горното течение на преку канал се спроведуваат на исток во вештачкото езеро Белмекен и се користат за добивање на хидроенергија и за наводнување. Во долното течение на реката е изградена малата хидроцентрала „Јакоруда“.

Топографска карта уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 38.
  2. В некои извори за почеток на реката се наведува р. Грнчарица која истекува од езерото Грнчар