Бекир Халими (албански: Bekir Halimi, Скопје, 15 декември 1971) е поранешен член на ОНА, исламски теолог и вахабист.

Бекир Халими
Bekir Halimi
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Во времето на воениот конфликт во Македонија, тој бил заменик командант на муџахедински единица. Дејствувал во кумановскиот регион - 113 регионална бригада[1].

Во 2008 година бил осомничен од страна на МВР за поврзаност со ќелија на Ал Каеда.[2] Тој е сопственик на издавачка куќа „Нун“ од Скопје и член на невладината „Бами Ресија“. Тој од кувајтската организација „Возобновување на исламското општество“, ставена од Обединетите Нации на црната листа како соработник на Ал Каеда, во јануари 2008 добил над 2.000 евра за плата.[3]

Наводи уреди

  1. „www.vmacedonia.com“. Архивирано од изворникот на 2010-11-05. Посетено на 2011-02-19.
  2. „Скопјанецот Бекир Халими осомничен за поврзаност со ќелија на Ал Каеда“. Канал 5 телевизија. Посетено на 2011-02-19.
  3. Ристески, Миле А. (9 мај 2008). „Полицијата се сомнева дека открила терористичка ќелија“. А1. Посетено на 2011-02-19.

Надворешни врски уреди