Бедредин Ибраими

политичар

Бедредин Ибраими (албански: Bedredin Ibrahimi; Мала Речица, тетовско, 1952) — македонски политичар и поранешен вицепремиер и министер во Владата на Македонија од 1998 година.

Бедредин Ибраими
Министер за труд и социјална политика
На должноста
30 ноември 1998 – 1 ноември 2002
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Насер Зибери
Наследник Јован Манасиевски
Лични податоци
Роден(а) 1952
Мала Речица, Тетовско
Националност Албанец
Партија ДПА

Животопис уреди

Ибраими е роден е во 1952 година во селото Мала Речица, Тетово. Дипломирал на Универзитетот во Приштина на правниот факултет. Основач е на Народната демократска партија, а по нејзиното обединување со ДПА, избран е за генерален секретар на новата партија[1]. Секретар е на општинскиот совет на Тетово.

Во Владата на Македонија од 1998 година бил вицепремиер и Министер за труд и социјална политика во периодот од 30 ноември 1998 до 1 ноември 2002 година. Во слените години станал член на ДИК[2]. Во 2005 година против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на 200.000 евра[3]. На 8 март 2019 година бил осуден на четири години и три месеци затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Наводи уреди

  1. „Bedredin Ibrahimi“ (англиски). macedonian-heritage.gr. Посетено на 2009-11-16.
  2. „Членови на ДИК“. ДИК. Посетено на 2009-11-16.[мртва врска]
  3. Серафиновиќ, Миомир (1 април 2005). „Кривична пријава за екс министерот Бедредин Ибраими“. А1. Посетено на 2009-11-16.
Претходник
Насер Зибери
Министер за труд и социјална политика
30 ноември 1998 - 1 ноември 2002
Наследник
Јован Манасиевски