Бах или Бахус (лат. Bacchus или Bacchae) — бог на виното во римската митологија. Во старогрчката митологији му одговара Дионис, т.е. Бах претставува негов римски пандан. Со оглед дека тој е Дионисов пандан и тој како и Дионис е син на Јупитер и ќерката на Кадмо Семела.[1]

Бронзена статуа на Бахус од Помпеја, 2 век пр.н.е.

Митологија уреди

Бах бил римски бог на виното и земјоделските култура. Го симболизирале виновата лоза и бршленот. Негови придружници (во старогрчката митологија) се сатири и менади. Менадите се познати и под името бахатници; тие биле негове помамни, палави придружнички. Долги години лутал по светот одејќи до најоддалечените предели на светот учејќи ги луѓето да одгледуваат винова лоза.[1]

Името Бах или Бахус потекнува од зборот bacca што значи бобинка, како бобинките (зрнатаЃ грозје. Често е поистоветуван со старото италско божество Либер.[2]

Бахус е син на Јупитер (Зевс) и Семела, која била излажана од страна на Јунона (Хера) која ја наговорила да побара да го види Јупитер во полн сјај. Наивна, тоа и го побарала, па изгорела од пламенот и светлината на Јупитеровото божествен облик, бидејќи била само смртница. За да го спаси бебето од умирање во телото на мајката, Јупитер го зашил детето во својот бут и го носел девет месеци. Како дете, Бахус бил подучаван од страна на Силен, учителот на богот на виното.[1]

Баханалии уреди

Бахусовиот (Дионисовиот) празник се славел на 16 и 17 март (или 15 и 16 март), и бил прославуван со фестивалот Баханали, кој се одликувал со пијанчење и водење оргии, а кои заради својот сексуален карактер биле забранети од страна на сенатот во 186 година пр.н.е. Овој празник го нарекувале и „Дионизии“ според грчкиот бог на виното - Дионис.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Митологија, Лејди Хестија Еванс (Lady Hestia Evans), издао Candlewick Press
  2. talesbeyondbelief.com /Бахус/ Архивирано на 30 март 2016 г., Пристапено 21. 3. 2016
  3. pantheon.org /Бахус/ Архивирано на 9 март 2016 г., Пристапено на 21. 3. 2016