Басов Проток

проток помеѓу континентална Австралија и Тасманија

Басов Протокпроток кој ги одвојува Тасманија од австралиското копно (поконкретно државата Викторија), а исто така е најдиректен воден пат меѓу Големиот Австралиски Залив и Тасмановото Море. Настанал пред 8.000 години со подигнувањето на морското ниво, а името го добил по англискиот истражувач и лекар Џорџ Бас.

Басов Проток
Карта на Австралија со Басовиот Проток обележан со светло сино
ПодрачјеЈужен ОкеанТихи Океан
Координати40°S 146°E / 40° ЈГШ; 146° ИГД / -40; 146Координати: 40°S 146°E / 40° ЈГШ; 146° ИГД / -40; 146
Видпроток
Сливни земјиАвстралија
Најг. должина500 kiloметарs (310 ми) км
Најг. ширина350 kiloметарs (220 ми) км
Прос. длабочина60 метарs (200 ст) м
Најг. длабочина155 м (509 ст) м

Откривање и истражување уреди

Од Абориџините уреди

Абориџините од Тасманија пристигнале во Тасманија пред приближно 40.000 години, преку копнениот мост наречен Басиева низина за време на последниот глацијален период.[1] Пред 8.000 години нивото на морето се зголемило при што се формирал Басовиот Проток, со што Тасманија се одвоила од Австралија. Абориџини живееле на Флиндеровиот Остров до пред околу 4.000 години.

Од Европјаните уреди

Теснецот најверојатно бил откриен од Абел Тасман кога го нацртал брегот на Тасманија во 1642 година. На 5 декември, Тасман пловел покрај источниот брег на Тасманија кон север за да види каде завршува. Кога требало да скршне на северозапад кај Едистоун Појнт,[2] тој сакал да продолжи но неговите бродови ненадејно биле погодени од Разриканите четириесетки кои завивале низ Басовиот Проток.[3] Тасман имал намера да го пронајде Јужниот Континент, а не други острови, па затоа свртел на исток и продолжил да трага по континентот.[4]

Следниот Европјанин што се приближил до теснецот бил капетанот Џејмс Кук во Ендевор во април 1770 година. Меѓутоа, откако пловел два часа на запад кон теснецот против ветрот, тој се свртел назад кон исток и забележал во својот дневник дека е „сомнителен дали тие — т.е. Ван Дименова Земја и Нова Холандија — се една земја или не“.[5]

Овој проток името го добил по Џорџ Бас, откако тој заедно со Метју Флиндерс пловеле низ него при обиколката на Ван Дименовата Земја (денешна Тасманија) со бродот Норфолк во 1798–99 година. По препорака од Флиндерс, гувернерот на Нов Јужен Велс, Џон Хантер, во 1800 година протокот меѓу копнотото и Ван Дименовата Земја го нарекол „Проток на Бас“.[6] Подоцна станал познат како Басов Проток.

Во 1798 година, кога во Европа пристигнала веста за откривањето на Басовиот Проток, француската влада испратила извидничка експедиција командувана од Николас Бодин. Ова го поттикнало на гувернерот Кинг од Сиднеј да испрати два брода во Тасманија со цел да основа гарнизон во Хобарт.[7]

Поморска историја уреди

Во овој проток има силни морски струи и дуваат јаки ветрови кои создаваат високи бранови. Стотици бродови потонале на бреговите на Тасманија и Викторија.

Многу бродови, некои од нив прилично големи, исчезнале без трага. И покрај митовите и легендите за пиратстството, бродоломите и наводните натприродни појави слични на оние на Бермудскиот Триаголник, овие исчезнувања обично може да се припишат на опасните комбинации од морски струи и силен ветар, како и на многуте подводни карпи и гребени во теснецот.[8]

Географија уреди

 
Најкратко растојание помеѓу бреговите на Басовиот Проток

Басовиот Проток е широк приближно 250 км и долг е 500 км, со просечна длабочина од 60 м. Најширокиот отвор е околу 350 км помеѓу Кејп Портланд на североисточниот врв на Тасманија и Појнт Хикс на австралиското копно. Студијата на Џенингс [9] за подводната топографија на Басовиот Проток го опишала батиметрискиот басен, плитка вдлабнатина која е широка 120 км и долга 400 км (со површина од над 65,000 квадратни километри) која се наоѓа на средина од Басовиот Проток, максималната длабочина (според навигациските карти) достигнува до 155 метри. Има две висорамнини, (Басово Возвишение и Возвишение на Кралскиот Остров) кои се наоѓаат на источната и западната граница од Басовиот Проток, а основата им е составена од палеозоитски гранит. Овие висорамнини создаваат симсови со што Басовиот Проток се одвојува од соседните океански басени. Островите Фурно се поврзани со Басовото Возвишение (чија што максимална длабочина е 50 м, а најголем е Флиндеровиот Остров (со надморска височина од 760 м). Максималната длабочина на Возвишението на Кралскиот Остров е исто така 50 м. На морското дно во Басовиот Проток има подводни дини (песочни бранови) и гребени кои покриваат приближно 6.000 квадратни километри.[10]

За време на Плеистоценското ниско ниво на морето, средишниот басен од Басовиот Проток бил заграден со подигнати симсови кои формирале големо плитко езеро. Така било за време на последниот глацијален максимум (пред 18.000 години) кога басенот бил целосно изолиран. Со зголемувањето на морското ниво дел од басенот се нашол под вода, при што бил формиран морски залив (од пред 11.800 години до пред 8700 години) а басенот бил целосно поплавен пред околу 8000 години, кога и се формирал Басовиот Проток и Тасманија станала посебен остров.[11]

Како и остатокот од водите што ја опкружуваат Тасманија, а особено поради малата длабочина, Басовиот Проток го бие лош глас, затоа што многу бродови потонале таму во текот на XIX век. На островот Дил во 1848 година бил поставен светилник кој ќе им помога на бродовите во источниот дел од теснецот, но на западниот влез немало светилници сè до поставувањето на светилникот во Кејп Отвеј во 1848 година, а потоа уште еден во Кејп Викам на северниот крај на островот Кинг во 1861 година.

Острови уреди

 
Карта на Басовиот Проток со главните островски групи

Во Басовиот Проток има преку 50 острови. Поголеми острови се:

Во западниот дел:

  • Островот Кинг
  • Островот Три Хамок
  • Островот Хантер
  • Островот Робинс

Во југоисточниот дел:

  • Групата Фурно
    • Флиндеровиот остров (каде што биле прогонети преживеаните Абориџини од Тасманија)
    • Островот Кејп Берен
    • Островот Кларк
    • Групата на Сестрински Острови
    • и неколку други острови

Во североисточниот дел:

  • Групата Кент
    • Островот Дил
    • и 3 помали острови
  • Островот Хоган
  • Островот Кертис

Природни ресурси уреди

Во источниот дел на Басовиот Проток има многу нафтени полиња, на местото познато како Басен Гипсланд. Повеќето од големите полиња биле откриени во 1960-тите, а се наоѓаат на околу 50 до 65 км од брегот на Гипсленд на длабочина од околу 70 м.[12] :484 Вакви нафтени полиња се: Полето Халибут откриено во 1967 година, Полето Кобија откриено во 1972 година, Полето Кингфиш, Полето Макарел и Полето Фортескју откриено во 1978 година.[12] :484 Полиња со гас се: Полето Виптаил, Полето Баракута, Полето Снепер и Полето Марлин.[12] :484 Нафтата и гасот настанале од кредаеоценските кластични карпи од Групата Латроб, депонирани при одвојувањето на Австралија од Антарктикот.[12] :485

Западното поле, познато како Басен Отвеј, било откриено во 1990-тите во близина на Порт Кембел. Во 2005 година започнала неговата експлоатација.

Во јуни 2017 година, Владата на Викторија објавила тригодишна физибилити студија [13] за првата австралиска ветерна електрана во море. Проектот со кој се предвидуваат 250 ветерни турбини на површина од 574 квадратни километри, се очекува да произведува околу 8.000 GWh електрична енергија, или околу 18 % од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Викторија со што ќе се замени голем дел од производството на електраната Хејзелвуд, која била затворена на почетокот на 2017 година.

Burnie Поглед кон Басовиот Проток

Наводи уреди

  1. Lourandos, Harry (March 1993). „Hunter-Gatherer Cultural Dynamics: Long- and Short-Term Trends in Australian Prehistory“. Journal of Archaeological Research. 1 (1): 67–88. doi:10.1007/bf01327162. JSTOR 41053069.
  2. Schilder, Günter (1976). Australia unveiled : the share of the Dutch navigators in the discovery of Australia. Amsterdam: Theatrum Orbis Terrarum Ltd. стр. 170. ISBN 9022199975.
  3. Valentyn, Francois (1724–1726). Oud en nieuw Oost-Indien. Dordrecht: J. van Braam. стр. vol.3, p.47. ISBN 9789051942347.
  4. Cameron-Ash, M. (2018). Lying for the Admiralty: Captain Cook's Endeavour Voyage. Sydney: Rosenberg. стр. 105. ISBN 978-0-64804-396-6.
  5. Beaglehole, J. C. (ed) (1955). The Journals of Captain James Cook on his Voyage of Discovery, vol 1, the Voyage of the Endeavour, 1768-1771. Cambridge University Press, London. стр. 298–99 (18, 19 April 1770).CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  6. Flinders, Matthew (1814). A Voyage to Terra Australis
  7. Cameron-Ash, M. (2018). Lying for the Admiralty. Sydney: Rosenberg. стр. 155–162. ISBN 9780648043966.
  8. See section below Popular Culture and also Bass Strait Triangle for further detail
  9. Jennings, J. N. (1958). The submarine topography of Bass Strait. Proceedings of the Royal Society of Victoria, 71, 49-71.
  10. Malikides, M., Harris, P. T., Jenkins, C. J., & Keene, J. B. (1988). Carbonate sandwaves in Bass Strait. Australian Journal of Earth Science, 35, 303-311
  11. Blom, W. M., & Alsop, D. B. (1988). Carbonate mud sedimentation on a temperate shelf: Bass Basin, southeast Australia. Sedimentary Geology, 60, 269-280
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Hendrich, J.H., Palmer, I.D., and Schwebel, D.A., 1992, Fortescue Field, Gippsland Basin, Offshore Australia, In Giant Oil and Gas Fields of the Decade, 1978-1988, AAPG Memoir 54, Halbouty, M.T., editor, Tulsa: American Association of Petroleum Geologists, ISBN 0891813330
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 2021-12-24.

Надворешни врски уреди