Бар во Фоли-Бержер (Мане)

Бар во Фоли-Бержер (француски: Un bar aux Folies Bergère ) e слика - масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1882 година. Таа денес е изложена во галеријата Корто во Лондон[1].

Бар во Фоли-Бержер
Un bar aux Folies Bergère
француски: Un bar aux Folies Bergère
Творец Едуар Мане
Година 1882
Димензии 96 см × 130 см
Место Галерија Корто, Лондон

Сликата е богата со детали што даваат индиции за социјалната класа и милје. Жената во барот е вистинска личност, позната како Сузон, која работела во Фоли-Бержер во раните 1880-ти. За неговата слика, таа му позирала на Мане во неговото ателје.

Сликата е од подоцнежниот период на неговото творештво.

Композициски, употребува доста инвентивна постапка, со огледалото, одразот во него и мултиплицирањето на стварноста од предниот план на сликата.

Богата колористички, сликата изобилува со светлина и линиски интервенции кои се дел од импреsионизмот[2].

Иако многумина, моделот - жената, ја сместуваат во проститутките од париското милје, таа носи одредена тага, психологија, замисленост со која Мане внесува своевидна поетика и социјално-хуманистичка соживеаност со женскиот лик.

Сликата е една од неговите тестаментални креативни творби од неговиот зрел период. Длабока, светла, инспиративна, повеќеслојна низ повеќе аспекти.[3].

Наводи уреди

  1. „A Bar at the Folies-Bergère“. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 2020-12-10.
  2. Great Paintings: A Bar at the Folies-Bergère by Édouard Manet
  3. „A Bar at the Folies-Bergere by Edouard Manet“. Архивирано од изворникот на 2021-01-16. Посетено на 2020-12-10.

Надворешни врски уреди

Надворешни видеоснимки
  Manet: A Bar at the Folies-Bergère (1882) at Smarthistory.