Бартон Финк (англиски: Barton Fink)е американски филм на браќата Коен снимен во 1991 година. Во главната улога настапуваат: Џон Туртуро како Бартон Финк, млад драмски писател од Њујорк кој прифаќа да работи за големо филмско студио во Холивуд; Џон Гудман во улогата на Чарли, осигурителен агент кој живее во соседната соба до него во еден запуштен хотел; Џуди Дејвис; и Стив Бушеми.

„Бартон Финк (Barton Fink)“
Постер
РежисерЏоел Коен
Итан Коен
(неспомнат)
ПродуцентИтан Коен
Џоел Коен
(неспомнат)
СценаристЏоел Коен
Итан Коен
Главни улогиЏон Туртуро
Џон Гудман
Мајкл Лернер
Џуди Дејвис
Џон Махони
МузикаКартер Бурвел
КинематографијаРоџер Дикинс
СтудиоCircle Films
Дистрибутер20th Century Fox
Премиерамај 1991
(Кански филмски фестивал)
21 август 1991
(САД)
Времетраење116 минути
ЗемјаСАД
Велика Британија
Јазиканглиски
Буџет9.000.000 долари
Бруто заработка6.153.939 долари

Браќата Коен го напишале сценариото за три недели, додека се справувале со потешкотии при снимањето на „Милеровиот крстопат“. По завршувањето на тој филм, тие почнале да го снимаат „Бартон Финк“, кој бил премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај 1991 година, каде ги освоил трите главни награди – „Златна палма“ за најдобар филм, најдобра режија за Џоел Коен, и најдобар глумец за Туртуро. Иако добил речиси едногласна поддршка од критичарите, филмот не постигнал голем комерцијален успех.

Содржина уреди

Филмот е моќна драма за сјајот и бедата на Холивуд. Дејството на филмот се одвива во 1940-тите и ги прикажува случките на филмскиот сценарист и интелектуалец од Њујорк Бартон Финк. Тој склучува договор со голема заработка, но му се блокира мозокот и не е способен ништо да напише.[1][2]

Двете главни теми во филмот се процесот на пишување и „рафинираноста“ на продуцентските куќи на забавна програма. Холивуд е контраст на Бродвеј; во филмот се анализира разликата помеѓу елитната и популарната култура. Меѓу другите теми се вбројуваат и фашизмот и Првата светска војна, ропството и условите за работа во креативните индустрии, и тоа како интелектуалците се „пронаоѓаат“ во обичниот човек. Поради многубројните различни елементи, „Бартон Финк“ не може да се класифицира според жанрови. Некои критичари го нарекуваат филм ноар, некои хорор филм, „Künstlerroman“ (филм за созревањето на уметникот), итн. „другарски“ филм.

Надреалната природа на хотелот „Ерл“ е централна во развивањето на приказната и затоа многу внимателно се работело на дизајнот на хотелот. Има остар контраст помеѓу собата во која живее Финк и беспрекорно уредените и чисти простории во Холивуд, особено домот на Џек Липник, шефот на Финк. На ѕидот во собата на Финк виси слика на која е прикажана жена на плажа; оваа слика му го привлекува вниманието на Финк и таа се појавува на крајот од филмот. Иако сликата и другите елементи во филмот (како, на пример, мистериозната кутија што Чарли ќе му ја даде на Финк) се полни со симболично значење, критичарите не се согласуваат во нивната интерпретација. Браќата Коен признаваат дека има намерни симболи, но не дека се обидувале да пренесат некаква холистичка порака.

Филмот содржи алузии на вистински луѓе и настани, особено на писателите Клифорд Одетс и Вилијам Фокнер. Ликовите на Бартон Финк и В. П. Мејхју наводно се фиктивна репрезентација на овие писатели, но Коеновци истакнуваат дека има важни разлики. Исто така, тие признале дека во филмот се пародизираат филмски магнати како Луис Б. Маер, но забележуваат дека маките на Финк во Холивуд не се одраз на нивните искуства.

Како влијанија за „Бартон Финк“ послужиле неколку филмови, меѓу кои и „Одбивност“ и „Потстанар“ на Роман Полански, „Сјаење“ на Стенли Кјубрик и „Саливановите патувања“ на Престон Старџес. Во филмот има алузии и на дела на Вилијам Шекспир, Џон Китс и Фланери Оконор. Се појавуваат и наводи кон „Книгата на Данил“ од Стариот завет, кралот Навуходонозор и Витсавеја.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 15.
  2. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 14.