Барокна уметност е сликарството и вајарството во времето на барокот, движење често асоцирано со апсолутизмот и Противреформацијата. Меѓутоа постоењето на знаќајна барокна уметност и архитектура во неапсолутистички и протестантски земји го побива ова мислење.

Сликарство уреди

На Тридентскиот собор (1545-63) Римокатоличката црква дала многу одговори на прашањата за внатрешна реформа поставени како од протестантите, така и од оние кои останале католици. На соборот се дискутирала и претставителната уметност, и се дошло до решение дека сликарството и вајарството во црковен контекст треба да им зборува на неписмените, а не на добро информираните.

 
Рождество Христово од Жозефа де Обидос, 1669, Национален музеј на древна уметност, Лисабон

Поради ова барокната уметност има тенденција кон прикажување на светци, Дева Марија и други добро познати библиски приказни. Според многу историчари на уметноста овој пресврот кон популистичка замисла за улогата на духовната уметност бил двигателот за иновациите на Караваџо и браќата Карачи - сите овие уметници работеле (и се натпреварувале во нарачки) во Рим околу 1600.

Меѓутоа иако религиозното сликарство, историското сликарство, алегориите и портретурата сѐ уште се сметале за најблагородните содржини, мошне чести биле и пејзажот, мртвата природа и жанровските сцени.

Барокната уметност се одликува со голема драматизација, богата и длабока боја и силни светла и сенки. Наспроти ренесансната уметност, која обично прикажува момент пред случувањето на некој настан, барокните уметници го одбирале најдраматичниот момент, моментот на самото дејствие: Микеланџело кој работел во високата ренесанса го прикажува Давид во смирена состојба пред да се бори со Голијат; Берниниевиот барокен Давид пак, е прикажан на самиот чин на фрлање на каменот. Барокната уметност имала за цел да пробуди чувства и страст наместо смирена рационалност која била ценета во ренесансата.

Поврзано Барокно илузионистичко сликарство

Важни барокни сликари уреди

Италијански уреди

Португалски уреди

Фламански уреди

Француски уреди

Холандски уреди

Шпански уреди

Вајарство уреди

Несомнено е дека најважниот барокен вајар е Џанлоренцо Бернини (1598-1680), кој му се доближил на Микеланџело во неговите сестрани способности. Бернини бил вајар, архитект, сликар, драматург и припремач на спектакли. Во доцниот XX век Бернини бил највреднуван за неговите склуптури, за неговата виртуозност во резбањето на мермер и неговата способност за создавање на ликови кои во едно го имаат и диховното и физичкото. Бил и одлчен портретист кого моќниците го барале да им изработува бисти.

Барокни вајари и архитекти уреди