Барокна архитектура

Барокната архитектура е крајно динамизирана. Фасадите се вознемирени и богати со ниши, столпови, волути, а препознатливите елементи се елипса, конкавностконвексност (вдлабочено, испупчено) и општата разиграност на масата.

Франческо Боромини, Фасада на црквата "San Carlo alle Quattro Fontane" во Рим.

Барок- "baluka" – значи перла, се е богато и китесто, треба да се потврди моќта на црквата и нејзиниот сјај. Барокните композиции се со големи дименѕии. Се јавуват голем број на материјали. Барок се формирал од темата која го терла човекот на размислување, и оние кои требало да го дирнат човекот и да го натераат на размислување за потребата на вера. Црквата со свите средства се трудела да ја задржи својата положба која ја имала. Барокот го применувал сето оно што веќе било пронајдено. Ги развивал односите на светлоста и сенките и тежнеел кон тоа да ја развие драматика и патетика која се потенцирала со силни гестикулации и со динамични движења и за разлика од статичната и смирената ренесанса. Се појавуваат сложени композиции и не ретко се употребуваат и несиметрични дијагонални композиции.

Барокот во профана смисла нашол место во дворовите и резиденциите на кралевите.

Плоштадите се главни елементи на барокниот урбанизам, воглавно се затворени, со елиптични основи, динамизиран простор, организирани со помош на вертикални акценти (столпови, обелиск, Фонтани – Најпознат е секако Плоштадот на Св. Петар. Ѓовани Лоренцо Бернини, од 1657 година.

Претставници на барокната архитектура уреди

Италија:

Франција:

Германија и Австрија:

Англија:

Шпанија:

Палата уреди

Духот на барокот најдобро го претставуваат неговиот урбанизам и архитектурата, а објектот кој ги соединува овие две уметности е дворецот. Во барок дворецот станува прав малечок град, Најзначајниот пример е од Версај (Луј ле Во, Жил Арден-Мансар и Ле Нотр кој ја правел градинарската архитектура), во Франција (1642-1686 година). Симетричната архитектура на трокрилен дворец со главна зграда и две бочни крила под прав аглол кој (покрај буквата "U") навлегува во просторот на перивојот низ пространите геометриски организирани паркови, фонтани и базени. Парковите се геометризирани и во основа се во форма на т.н. француски парк, за разлика од англискиот парк кој е органски и природен, пратејќи ги и варирајќи ги формите на архитектурата на дворецот, дури и авенијата која се протега кон влезот во палатата продолжува во паркот нагласувајќи го непрекинатото движење.

 
Панорама на Версај, 1642-1682, Франција.

Црква уреди

 
Baltazar Nojman, "Vierzehnheiligen" (Четринаесет светци), 1743-72 Вирцбург.
 
Кристофер Рен, катедрала „Св. Павле“ во Лондон, по 1666 г.

Во сакралната архитектура се тежнее кон што поголеми ефекти, се остваруваат нови просторни решенија од кои воглавно преовладува централен тип на основа нагласен со Купола.

Таква е и црквата San Carlo alle quattro fontane (1635 година) во Рим која ја изградил Франческо Боромини. Таа е со елиптична, несиметрична, основа (со ниши е исперфорирано ѕидното платно), а елиптичните форми се појавуваат и на фасадата (длабоки ниши, исфрлени столбови и избоченини и други украси и сложени перфорании) и на куполи. Се настојува на расчленување, слоевитост и пластичност на внатрешниот дел на рамките на основната несиметрична форма и примена на ритмот на елипсата. Сè на сè, силен спор помеѓу волуменот и просторот.

Пример на динамична, но складна архитектура е црквата Virzehnheilingen (Четирнаесет светци) од Б. Нојман во Германија, (1743 -72 година.) Тука лонгитудиналноста и латинскиот крст се добиваат со впишување на неколку елиптични форми кои понатаму варираат на сите делови од архитектурата. Освен главниот олтар, се јавува и централен, а динамизмот е постигнат и во обземањето на архитектурата, сликарството и вајарствтото во единството на белата, складна штуко декорација исполнета со илузионистички слики. Така е постигнат идеалот на барокната уметност во единството на силата и движењата (богатство и раскош на украси) какви владеат во природата и космосот.

Честопати готските и ренесансните цркви се барокизирале со преградување на сводовите, прочела и со додавање на лаковидни капи на кулите, а во решавање на ентериерот се поставуваат мермерни барокни површини, олтари, проповедници и др. Раскошниот бароктен дух се покажува и во богато опремената внатрешност на градбата со ѕидни слики, релјефни штуко украси, полна пластика, скапоцен мебел и украсни детали и предмети за црковна литургија (циборијум, калежи, антепендији и др.).

Литература уреди

  1. Istorija umetnosti H.W. JANSON, Beograd 1982.
  1. Opšta istorija umenosti ĐINA PIKSEL, Beograd 1974.
  1. Istorija slikarstva Fernand Hazar, Beograd 1973.

Поврзано уреди

Наводи уреди