Бардовци

село во Општина Карпош

Бардовци — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.

Бардовци

Поглед кон селото Бардовци, од северните падини на Зајчев Рид

Бардовци во рамките на Македонија
Бардовци
Местоположба на Бардовци во Македонија
Бардовци на карта

Карта

Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД / 42.02667; 21.37583
Општина Карпош
Население 2.291 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25907
Надм. вис. 270 м
Бардовци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Бардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри (во североисточен правец).

Историја уреди

 
Чифлик во село Бардовци во 1927 година

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 16 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 90 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 288 жители.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бардовци живееле 120 жители Македонски христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бардовци имало 88егзархисти и 80 патријаршисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 274 жители. Било центар на Општина Бардовци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]

Во близината на Бардовци се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи.

Стопанство уреди

Поради тоа што во Бардовци последниве години се изградени прекрасни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Бардовци е драстично променета.

Голем дел староседелското население се занимава со земјоделство. Во Бардовци најмногу се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948614—    
1953689+12.2%
19611.079+56.6%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20021.472—    
20212.291+55.6%

Според пописот од 2002 година, селото Бардовци брои 1472 жители,[6] од кои:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.291 жител, од кои 2.075 Македонци, 9 Албанци, 8 Турци, 3 Роми, 5 Власи, 42 Срби, 1 Бошњак, 39 останати и 109 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 168 614 689 1.079 1.472 2.291
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Бардовци е македонско село.

Според истражувањата од 50-тите на минатиот век, родови во селото се:

Ивановци (3 к.) доселени се од денес албанското село Сечишта кај Качаник (Косово). Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 90 г. во 1950-тите) Пешо-Иван, предокот кој се доселил; Битолци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, Пелагонија. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 86 г. во 1950-тите) Јован-Тале, кој се доселил со неговиот брат Ристе; Станчевци (5 к.) доселени се од некое село Баница кај Прилеп (?); Шалевци (6 к.) доселени се од селото Огњанци; Асанбеговци (1 к.) доселени се во XIX век од Асанбегово (сега Ченто); Анѓелковци (3 к.) родот го основал Анѓелко кој се доселил како сираче од Скопје; Мицевци (2 к.) доселени се од сега непостоечкото село Јазирци на Скопска Црна Гора; Крстовци (5 к.), Ѓурковци (2 к.), Богдановци (6 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Стојановци (2 к.), Бошковци (1 к.), Велковци (3 к.) и Златановци (4 к.) доселени се во различен период од селото Визбегово; Трајчевци (1 к.) доселени се од селото Јурумлери; Кузмановци (4 к.) доселени се од селото Волково; Орманци (9 к.) доселени се во 1906 година од селото Орман, таму се викале Субашовци; Вичоровци (14 к.) доселени се околу 1906 година од селото Злокуќани, се претпоставува дека подалечно потекло имаат од околината на Качаник, Косово; Дарчевци (4 к.) и они се доселени од селото Злокуќани; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Кучково; Мојсовци или Галичани (1 к.) доселени се во 1915 година од мијачкото село Лазарополе; Трипун Ѓоргијов (1 к.) доселен од селото Волково; Јазаџини (1 к.) доселени се од селото Бањане.[12]

Општествени установи уреди

 
Црквата „Св.Троица“
 
Ливада во Бардовци

Во селото постои црквата „Св. Троица“ и основното училиште „Аврам Писевски“.

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[13]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Личности родени во Бардовци:

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 26 октомври 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски уреди