Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснaт верник. Почетоците на Баптистичката црква се во Велика Британија и САД. Денеска претставуваат една од најголемите протестантски заедници. Од редовите на баптистите бил и Мартин Лутер Кинг.

Прва баптистичка црква во Америка сместена во Провиденс. Баптистите во САД бројат 50 милиони луѓе и сочинуваат приближно една третина од американски протестанти.[1]

Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници. Оваа верска заедница била основана од страна на Џон Смит, кој живеел во прогонство во Амстердам.

Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок. Со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници.

Првата баптистичка црква била основана во 1612 година, кога Смит се вратил во Англија, и кога ова движење зазело голем замав во времето на династија Стјуард. Според некои, Баптистите се произлезени од Анабаптистите. Голем број на баптисти се поврзуваат со политичките настани од 17 век. Тие биле предводници за религиозната слобода помеѓу верите. Во текот на населувањето на Америка, голем дел од баптистите заминале во САД каде основале баптистички цркви. Во тоа време се одвоила и баптистичката секта позната под името Баптисти од седмиот ден. Во текот на 18 век, баптизмот паднал под притисок на унитаризмот.

Историја на Баптистите уреди

Моментумот на реформацијата започнат од Лутер, Калвин и Цвингли, вдахнал и многу други да го проучуваат Светото Писмо, трагајќи по вистинскиот начин на побожност. Насекаде биле создавани многу групи, посветени на заедничко проучување на Библијата и молитвата. Неколку такви групи низ историјата при проучувањето на крштевањето во Новиот завет, сфатиле дека тоа секогаш тоа било извршено врз возрасни, кои претходно ја исповедале својата вера. Такви се оние на Фелкс Манц во Цирих, 1525 година, на Мено Симонс, во денешна Холандија, во 1536 година. И онаа на Џон Смит, во Англија  во 1581 година.

Поради вршење на крштевање со целосно потопување во вода на возрасни, овие групи ги нарекувале баптисти. Тие практикувале автономија на секоја месна црква и создавање сојузи на независни цркви, кои пак немаат власт над своите членки. Баптистите во следните два века биле доминантно активни во Англија и Британска Америка и во некои мали заедници во Франција.

Првата баптистичка црква во Соединетите Држави, каде има најголем број верници бил основана во Провиденс, Род Ајленд во 1639 година. Најголем успех и концентрација на баптисти била во Пенсилванија, каде што првата црква била отворена во Колд Спрингс во 1684 год

Големите пробудувања, првото во 1730 – 1430 и второто 1790 – 1820 во САД и Англија, многу го зголемиле бројот на баптистички, поради проповедите на отворено помеѓу рударите во Англија и доселениците низ САД, што довело до големи навраќања кон посветениот христијански живот, изразен и преку надежта за второто Христово доаѓање.

Од САД, засиленото влијание на баптизмот бил вратен во Англија и Германија, од каде се пролшири низ делови на Европа особено во земјите кои зборуваат германски, вклучително и делови што подоцна ќе станат од Југославија. Првото крштевање било забележано во Тузла, во 1868 година.

Во Европа најмногу баптисти има во Романија, Германија, Украина и Русија. Ва Африка најмногу има во Нигерија, Конго, Уганда и Танзанија. Баптистичките цркви се здружуваат во голем број организации од која значајна е Светската Баптистичка Алијанса, а во Европа е Европската Баптистичка Федерација.

Верувања уреди

Еден од петте основни постулати на Протестантската реформација бил „Sola Scriptura” (Само Светото писмо; Библијата) како единствен извор на учењето и на праксата на црквата и на верниците. Ова подразбира и достапност на Библијата секој да може да ја чита на разбирлив јазик. Библијата или Светото Писмо на Стариот и Новиот завет, е Божјо Слово, апсолутно непогрешлива Божја објава, единствено и сосема доволно правило за вера и практика, и единствен авторитет кој ја обврзува човековата совест.

Се прифаќаат Никејско-константинополските начела на верување. Се верува во спасение преку лична вера во Исус Христос како Господ и Спасител. Ова спасение се темели на Христовата смрт и воскресение.

Бог е извор на секој благослов, привремен и духовен, сè што имаме е Негово. Христијаните имаат духовен долг да Му служат на Бог со своето време, таленти и материјални добра, кои им се дадени за да Го прослават Бог и да им помагаат на другите. Според Светото писмо, христијаните треба да даваат за Божјото дело и тоа радосно, редовно, систематски, пропорционално и слободно.

Организација и уредување уреди

Сите вистински верници, треба да се собираат во месните цркви (месни заедници на верните) заради прославување на Бог, молитви, заедништво, поучување и заедничко сведоштво. Верникот треба активно да живе во овој свет како чесен граѓанин, обидувајќи се со својот живот да делува за општествено добро и да го пренесува евангелието до секој човек.

Начинот на управување е конгрегациски (каде непосредно одлучуваат сите членови на црквата), а понекогаш презвитерски (каде конгрегацијата ги назначува презвитерите (старешините) кои управуваат во својот мандат, а најважните одлуки како купување и продажба на имот, промена и назначување старешини останува на конгрегацијата). Богослужбата е нелитургиска, со проповед како средиштен настан на богослужбата.

Во црквата служат старешини и ѓакони, кои не се платени од црквата и своето служење го прават доброволно. Со црквата управува Црковен Одбор кој е биран од сите членови на црквата. Највисок орган на локалната заедница е Собранието кое го сочинуваат сите членови и кое ги назначува и разрешува старешините и ѓаконите, и решава по најважните прашања за месната заедница. Член може да биде само полнолетен, кој е крстен со библиско крштевање и ги прифатил Статутот и Начелата на верување на црквата. Старешините и ѓаконите не се свештеници кои ги застапуваат луѓето пред Бог, бидејќи единствен посредник помеѓу луѓето и Бог е Исус Христос.

Членството е формално и член на црквата може да биде секој што ја признава својата грешност пред Бог и се кае заради тоа, кој  верува во Исус Христос, нашиот Спасител и Господ, кој со својот живот потврдува дека неговото признавање, каење и вера се искрени, кој преку крштавање во вода, онака како што е опишано во Библијата, исповеда вера во еден Бог (Татко, Син и Свети Дух). Во членство се стапува со навршени 18 години. Верата не е наследна и член на црквата не се станува со раѓање во семејство кое е припадник на црквата. Секој сам одлучува дали ќе биде член. Затоа децата не се бројат во членови, како и оние симпатизери кои ја посетуваат црквата но не побарале формално да бидат членови.

Црквата се издржува од доброволни прилози на членовите.

Цел уреди

Црквата не е само група луѓе, туку од луѓе исполнети со Светиот Дух, што резултира во  развивање на плодот на Духот, односно Христолик карактер. Светиот Дух им дава на верниците духовни дарови, кому Тој сака и каков што сака. Даровите се за општа полза, за изградување на заедницата.  Се очекува од сите членови да служат и да ги користат нивните дарови како што Бог им ги дал да служат едни на други и да им служат на црквата. Се става акцент на тоа да бидеме заедница на верни кои ја живеат својата христијанска вера со другите околу нас.

Цел на црквата е да служи како дел од сеопштата Христова црква во ширењето на Божјото царство и во прославувањето на Неговото Име преку локалните заедници со: одржување богослужби и молитви, евангелизации, духовно  воспитување и хранење на христијаните и јакнење на нивното единство како и поттикнување и поткрепување на заедницата да му служи на Христос. Црквата презема и социјални активности.

Празници и обреди уреди

Главни празници се Божик и Велигден. И двата се празнуваат според источниот обичај (според јулијанскиот календар). Тие се одбележуваат со свечени богослужби. Нема некои посебни ритуали или обреди.

Други празници кои ги обележуваме се Педесетница (Духовден) и Денот на Протестантската Реформација, кои истотака се одбележуваат со пригодни богослужби. За Денот на реформацијата се организира заеднички собир со учество на сите евангелско-протсетантски цркви во Македонија.

Верски чинови кои се практикуваат се Крштавање и Господова вечера (причест). Крштевањето се извршува исклучиво врз возрасни лица, кои претходно ќе изразат желба и ќе можат да ја потврдат својата вера во Исус Христос, со целосно потопување под вода, а врз основа на сведоштвото за личната вера на оној што се крштава и со формулата на Господ Исус: „Во името на Таткото, Синот и Светиот Дух”.

Господовата вечера (Причеста) е чин кој преку лебот и виното ја симболизира нашата заедница во смртта на Господ Исус Христос, и дека треба да ја практикуваме до Неговото повторно доаѓање. Причеста се одвива секоја прва недела во месецот, пред главната богослужба, при што се дели леб и со вино (или гроздов сок). На причеста можат да учествуваат сите крстени членови.

Наводи уреди

  1. „Appendix B: Classification of Protestant Denominations“. Pew Research Center's Religion & Public Life Project. 12 May 2015.