Банџи скокање — прастар ритуал што потекнува од островите на Тихиот Океан, поточно од едно село од островите на Вануату. За да скокате банџи, потребна ви е висока структура и долго гумирано јаже, кое го врзувате на зглобовите од вашите нозе, а другиот крај на кулата. Слободното паѓање е главната поента која го качува адреналинот. Енергијата на падот ја апсорбира јажето, кое се растегнува, а скокачот осцилира горе-долу додека да се стабилизира енергијата сосема.

Банџи скокање во Нормандија

Историја уреди

Легендата зборува за брачната кавга меѓу Тамалие и неговата сопруга, која му избегала и се качила на едно високо дрво, каде нозете си ги врзала со лијани. Кога Тамалие се качил по неа на дрвото, таа скокнала. И тој скокнал по неа, не знаејќи дека таа е врзана со лијаните од дрвото. Се разбира - Тамалие умрел, а таа останала жива.

Луѓето од селото кои биле сведоци на овој настан, толку многу се воодушевиле на скокот што го извела жената, што почнале да го практикуваат скокањето, кое го претвориле во ритуал за докажување на машкоста.

Интересни информации уреди

  • Првиот модерен банџи скок е направен на 1 април 1979 година од 75 метри високиот мост во Бристол, изведен од четворица членови на едно спортско друштво.
  • Во Гинисовата книга на рекорди запишан е скокот од 216 метри (односно 220 метри) како скок од најголема височина.
  • Несреќи не се случуваат доколку се следат правилата, а едно од најважните правила е да не се користи јажето за скокање подолго време отколку што може да истрпи неговата еластичност.
  • Суеверие поврзано со банџи скокот: скокачот не смее да има секс денот пред да скока, инаку може да се повреди; при скокот треба да ги извадите сите амајлии за среќа кои вообичаено ги носите.
  • За осум и пол секунди, односно за еден скок од височина од 400 метри, во Квинстон треба да платите 150 долари.

Наводи уреди