Банатска Република

Банатска Република — краткотрајна држава, која била прогласена на 31 октомври 1918 година во Темишвар, по колапсот на Австроунгарија.

Банатска Република
Banater Republik  (германски)
Bánáti Köztársaság  (унгарски)
Republica bănățeană  (романски)
Banatska republika  (српскилатиница)
Банатска Република  (српски–кирилица)
Непризнаена држава
Клиентска држава на Унгарската република (1918)
Клиентска држава на Кралството СХС (1918–1919)

1918 – 1919
 


Употребено знаме за време на прогласувањето на републиката

Химна
Химна на Унгарија
Марсеjеза

Прогласената република во однос на денешните граници.

Главен град Темишвар
Јазици Најчести:
Австриски германски, унгарски, Швапски германски
Помалку зборувани:
романски, српски, словачки, русински, хрватски, француски, банатски бугарски
Уредување Република
Главен комесар
 -  1918–1919 Ото Рот
Законодавство Народен совет
Историски период Прва светска војна
Револуции и интервенции во Унгарија (1918–20)
 -  Прогласена 31 октомври – 2 ноември 1918
 -  Распуштање на владата 20 февруари 1919
Население
 -  1918 1580000 
Валута Австроунгарска круна
Денес во  Романија
 Србија
 Унгарија

Историја уреди

По прогласувањето на Банатска Република, бил формиран Банатски народен совет, кој се состоел од по пет претставници од следните нации кои живееле на територијата на Банат: Германци, Унгарци, Срби и Романци.

Главниот комесар на новоформираната република станал доктор Ото Рот, додека за воен командант бил избран Алберт Барт.[1] Унгарската влада веднаш ја признала независноста на Банатската република. Поддршката за создавање на Банатската република од страна на Унгарија била со цел да се задржи северниот Банат и да се намали определувањето на тамошното население за припојување кон јужнословенската држава.

Банатскиот народен совет организирал воени одреди и цивилна стража на 4 ноември истата година. Целта за формирање на воените одреди била воспоставување на контрола врз целата територија на Банат. Сепак, Банатска Република траела кратко, по неколку дена, војската на Кралството Србија влегла во Банат и го приклучила како своја територија и тоа било крај на Банатската република. Неколку месеци подоцна, територијата на Банат била поделена меѓу Кралството СХС и Романија, земајќи ги предвид прогласот на Големото народно собрание во Нови Сад и резолуцијата од Алба Јулија.

Во април 1920 година, Германците од Банат поднеле барање до Париската мировна конференција да се обнови републиката, под име Република Банатија. Според ова барање, обновената република, освен Банат, би ја вклучила и соседната Бачка, и би била поделена на кантони слично на Швајцарија, во кои би управувале претставниците на мнозинската етничка група од секој кантонт.[2] Овој предлог бил отфрлен од страна на Париската мировната конфренција.

Демографија уреди

Република Банат броела 1.582.133 жители, од кои:

Според религија, населението во Република Банат било:

Наводи уреди

  1. „Povestea Republicii Bănăţene, forma statală care a supravieţuit patru luni. A fost proclamată de un avocat evreu la sfârşitul Primului Război Mondial | adevarul.ro“. web.archive.org. 2017-11-25. Архивирано од изворникот на 2017-11-25. Посетено на 2019-04-20.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Kókai, Sándor (2009). „Illúziók és csalódások: a Bánsági Köztársaság“. Közép-Európai Közlemények (унгарски). 2: 63–74.

Литература уреди

Поврзано уреди