Балкански фронт - бојно поле за време на Првата светска војна, што вклучува воени дејствија кои се воделе во областа на Балканскиот Полуостров, меѓу силите на Антантата, од една страна, и на Централните сили, од друга страна.

Можности за војна на Балканскиот Полуостров уреди

 
Италијански војници во Валона, Албанија, за време на Првата светска војна

На Балканскиот Полуостров, на површина од 668.220 км2, во 1914 година имало околу дваесет и шест милиони жители од кои: АлбанциБугариГрциРоманциЈужни Словени (Срби, вклучувајќи Црногорци; Хрвати - вклучувајќи Далматинци; и Словенци), како и ГерманциУнгарциИталијанциЕвреи, и други претставници на националните малцинства. Овие луѓе само што се ослободиле од отоманските Турци, чие владеење на Балканот траело 568 години. Европскиот дел на Отоманското Царство се состоел од престолнината ЦариградЕдрене и околината. Балканот, кој поради нестабилноста и склоноста за насилство го заработил прекарот „Европското буре барут“, бил местото на кое се судирале тежнеењата на Австроунгарија, поддржани од страна на Германците, да завладее со регионот, и со тежнеењата на Србија, поддржана од Русија и Франција, да ги ослободи Србите, Хрватите, Босанците и Словенците од Австроунгарските власти. Во исто време, Бугарија се обидувала да ги поврати регионите во Грција, Македонија и Добруџа, што ги изгубила во август 1913 година, на крајот на Втората балканска војна. Австроунгарија ја провоцирала Србија за време на вежбите изведени во текот на летото 1914 година во Босна и Херцеговина; а на 28 јуни студентот, припадник на босанските Срби, Гаврило Принцип извршил атентат врз наследникот на престолот, Франц Фердинанд, во Сараево, по што започна Првата светска војна, наречена Големата војна.

Одбраната на Србија уреди

Четирите Централни сили - Германија, Австроунгарија, Отоманското Царство и Бугарија, сакале територијално да се поврзат, така што Австроунгарија ќе ги окупира Србија и Црна Гора, ќе доминира врз Албанија и ќе ги изолира неутралните земји Грција и Романија. На оваа стратегија се спротивставиле трите големи сојузнички сили: Франција, Велика Британија и Русија.[1]

Солунски фронт уреди

Централните сили го контролирале Западен Балкан, и нивните сили на 22 април 1917 година се обединиле во армија Шолц. Австроунгарскиот Деветнаесетти корпус држел позиции во северниот и централниот дел на Албанија, а наспроти него, на фронтот со ширина од 100 км, се наоѓал италијанскиот Шеснаесетти корпус, распореден во југозападниот дел на Албанија. Сојузничките Јужна армија (Armee de l'Orient) била распоредена долж српско-грчката граница на фронтот[2], во должина од 250 км, поделена во пет сектори[3].

Австроунгарската војска на Балканот (1914-1918) уреди

Армијата на Австроунгарија била многу комплексна институција[4], составена од мултинационални единици регрутирани меѓу 11 народи - австриски Германци, Унгарци, Италијанци, Романци, Чеси, Словаци, Полјаци, Украинци, Словенци, Срби и Хрвати; организиран во пет воени структури.

Наводи уреди

  1. Мира Радојевиќ и Љубодраг Димиќ: „Србија во големата војна 1914 - 1918“, Мира Радојевиќ и Љубодраг Димиќ, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 46-85.
  2. : Велики рат Србије, кн. 27, Београд 1936. и Велики рат Србије кн. 28, Београд 1937.
  3. Мира Радојевиќ и Љубодраг Димиќ: „Србија во големата војна 1914 - 1918“, Мира Радојевиќ и Љубодраг Димиќ, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 246 - 263.
  4. A. Dž. P. Tejlor, Borba za prevlast u Evropi 1848–1918, Сараево, 1963, стр. 248-268