Баланци

село во Општина Центар Жупа

Баланци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Баланци

Воздушен поглед на селото Баланци

Баланци во рамките на Македонија
Баланци
Местоположба на Баланци во Македонија
Баланци на карта

Карта

Координати 41°29′6″N 20°33′1″E / 41.48500° СГШ; 20.55028° ИГД / 41.48500; 20.55028
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08003
Баланци на општинската карта

Атарот на Баланци во рамките на општината
Баланци на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Името на селото првпат е забележано дури во XIX век како Баланце. Името доаѓа од личното име Балан (што се поврзува со имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб) или пак од романското лично име Балан плус суфиксот -ци. Како друга варијанта е дека може да е остаток од античкиот македонски јазик бал(а) што означува „брезо животно“, а на романски и албански јазик „бал“ означува бел.[1]

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 735 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.[2]

До дел од селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој поминува низ горниот понов дел на селото.

Историја уреди

Подрачјето на Баланци е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Црква во неговата околина.[3]

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 156,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 85,9 хектари, а на пасиштата само 30,9 хектари.[2]

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948414—    
1953471+13.8%
1961579+22.9%
1971344−40.6%
1981368+7.0%
ГодинаНас.±%
19919−97.6%
1994359+3888.9%
2002432+20.3%
2021165−61.8%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 28 домаќинства со 42 жители муслимани (Албанци) и 35 христијани (Македонци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Баланци живееле 295 жители, сите Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.[7]

Во 1961 година селото броело 579 жители, од кои 536 биле Турци, а 43 Албанци, а во 1994 година 359 жители, од кои 351 биле Албанци, а четири жители Турци.[2]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Баланци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Баланци живееле 432 жители, од кои 9 Македонци, 422 Албанци и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 149 Албанци, 4 Турци и 12 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 295 414[б 2] 471[б 2] 579[б 2] 344 368 9[б 1] 359 432 165
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика уреди

 
Поглед на селската џамија

Кон крајот на XIX век, Баланци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Паирадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0560 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 459 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 489 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Црква — средновековна некропола.
Џамии[17]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 32. ISBN 978-608-220-026-2.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 17.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јануари 2023.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. https://rezultati2021lokalni1krug.sec.mk/mk/mayr/r/75-726. Посетено на 21 јануари 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. 1,0 1,1 Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  2. 2,0 2,1 2,2 Податоците за населените места Оџовци, Бајрамовци и Црно Боци, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Баланци.

Надворешни врски уреди