Бакла

вид растение

Бакла (Vicia faba) – градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав.[1] Таа е едногодишно растение од фамилијата бобови (Fabaceae), со крупно семе кое се користи во исхраната како и гравот. Позната е и како фава грав.

Бакла
Илустрација на бакла во цвет
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Глушина
Вид: Бакла
Научен назив
Vicia faba
L.
Синоними

Faba sativa Moench.

Опис уреди

Баклата е едногодишно растение со неразгранети, шупливи, четвртести исправени стебла, висока до 1 м. Листовите се меснати, синкавозелени со лисната дршка која продолжува во зашилен врв на кој има 2–3 пара седечки јајчести ливчиња. Залисците се крупни и срцести. Соцветијата се состојат од 2 до 4 крупни пеперужести бели и миризливи цвета. Мешунките во почетокот се исправени, а подоцна висечки. Попречниот пресек им е кружен, долги се од 8 до 12 см и околу 1–2 см широки. Младите се зелени и зелјести, а зрелите темномрки, кожести. Внатре мешунката е преградена со попречни ѕидови, содржи 2–5 грашести семки големи до 3 см.

Живеалиште уреди

Баклата е редок посев кој се одгледува на влажни места, на богато земјиште. Се сее во втората половина на март. Се бере кога повеќето мешунки се созреани - поцрнат.

Распространетост уреди

Преко 100 вида бакла се одгледуваат Стариот Свет. Во Северна Америка и во Канада, баклата релативно малку се одгледува.

Употреба уреди

Баклата се користи како зеленчук. Во исхраната се користат млади мешунки или семе, богати со хранливи материи. 100 грама зрело сирово семе содржи 25 грама белковини, јаглехидрати, влакна и минерали.

Историја уреди

Оваа мешунка била одгледувана уште во доцниот неолит, веројатно прво во Алжир или во југозападна Азија, подоцна, во железното врем веќе била раширена ширум Европа. Баклата била една од најважните намирници на средоземните цивилизации, особено кај Старите Грци и Римјани. Пред гравот да биде донесен од Америка во Европа, (пред XVI, XVII век) вариваta (слични на оние кои денес се прават од грав), биле подготвувани од бакла. Денес баклата најмногу се одгледува во Кина и Етиопија.

Здравствен аспект уреди

Поленот и сировото семе од бакла содржат алкалоиди (вицин) кои може да предизвикаат хемолитичка анемија кај лицата кои имаат наследно нарушување на метаболизмот на еритроцита – недостаток на ензимот гликозо - 6 фосфат дехидрогеназ. Оваа состојба е позната како фавизам и често се јавува во подрачја зафатени од маларија. Хемолизата на еритроцити индуцирани од фавизам делува неповолно на развојот на предизвикувачот на маларија Plasmodium falcipacrum, па во извесна смисла претставува заштита од оваа болест.

Баклата е богата со аминокиселина Л-доп, која е претходник на допаминот, па им се препорачува на оболените од Паркинсоновата болест, бидејќи нивниот организам слабо произведува допамин.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди