База на знаења (крат. БЗ, англ. knowledge base, крат. KB или kb[1][2]) е посебен вид на база на податоци наменета за управување со знаења. Оваа база е складиште на информации што овозможува начин на собирање, организирање, споделување, пребарување и примена на информации. Може да биде предвидена да ја чита сметач или човек („машински-читлива“ или „човечки-читлива“).

Бази на знаења за машинско читање уреди

Машински-читливите бази на знаења складираат информации во облик читлив за сметач, обично со цел да се обработува по пат на автоматизирано дедуктивно расудување. Содржат збир податоци во облик на правила што ги опишуваат знаењата на логички доследен (непротивречен) начин. Структурата на складираните податоци ја определува извесна онтологија, каде е утврдено кои типови на единици да се заведуваат и нивниот меѓусебен однос. Почнувајќи од поедноставни информации, таа се гради со помош на логички оператори како И (конјункција), ИЛИ (дисјункција), материјална импликација и негација. Следствено на тоа, расудувањето во врска со знаењата во базата може да се врши со класична дедукција. Некои машински-читливи бази на знаења се користат со вештачка интелигенција, на пр. како дел од експертен систем што се задржува на извесен домен како лекарски рецепти или царински закони и регулативи. Таквите бази на знаења се користат и во семантичката пајажина.

Бази на знаења за човечко читање уреди

Човечки-читливите бази на знаења се предвидени да им овозможат на луѓето на пронаоѓаат и употребуваат сознанијата што ги содржат. Честопати се користат прирачно во служби за техничка поддршка или за споделување и раздавање на информации помеѓу вработените во една организација. Ваквите бази може да складираат информации за решавање на проблеми, статии, бели книги, прирачници за употреба, метаподаточни ознаки или одговори на често поставувани прашања. За пронаоѓање на информациите во системот, корисниците употребуваат пребарувач или прелистуваат според извесна класификациона шема.

Текстуалниот систем што може да содржи групи документи со хиперврски се нарекува хипертекстуален систем.[3] Хипертекстуалните системи помагаат во постапката на одлучување со тоа што го одменуваат корисникот во паметењето и поврзува нештата." [4] Еден начин на водење на основа на знаења за хипертекстен систем е да се користи вики-програм. Базите можат да постојат едновремено и на сметачи и на мобилни телефони во хипертекстуален формат.[5]

Човечки-читливата база на знаења може да се здружи со машинската преку еднонасочна или двонасочна репликација, или пак некаков посредник во реално време. Потоа програмите можат да применуваат техники од вештачката интелигенција за сметачки-читливиот дел од податоците за да понудат подобри резултати во пребарувањето, за да ја проверат веродостојноста на фактите во разни документи и да овозможат подобри алатки за авторите. Ваков пример е машински-читливата DBpedia, која е извадок од човечки-читливата Википедија.

Категории на информации во базите на знаења уреди

Човечки-читливите бази на знаења можат да содржат информации од следниве типови:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Argumentation in Artificial Intelligence by Iyad Rahwan, Guillermo R. Simari
  2. „DL-семантика за OWL“. Посетено на 10 декември 2010. (англиски)
  3. „Шаблон за база на знаења“. Matthewb.id.au. Посетено на 18 мај 2012.
  4. Marakas, George. Decision Support Systems in the 21st Century. Prentice Hall, 1999, стр.29
  5. Заедничка база на знаења за мобилни и сметачи (англиски)

Надворешни врски уреди