Бад Залцдетфурт (германски: Bad Salzdetfurth) — мал град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Ламе.

Бад Залцдетфурт

Bad Salzdetfurth

Поглед на стариот дел на градот и реката Ламе
Поглед на стариот дел на градот и реката Ламе
Поглед на стариот дел на градот и реката Ламе
Грб на Бад Залцдетфурт
Бад Залцдетфурт во рамките на Германија
Бад Залцдетфурт
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Хенинг Хесе (СДП)
Основни податоци
Површина 67,11 км2
Надм. височина 118 м
Население 13.255 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 198 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31162
Повик. бр. 05063
Портал www.bad-salzdetfurth.de
Местоположба на градот Бад Залцдетфурт во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 52°03′55″N 10°00′33″E / 52.06528° СГШ; 10.00917° ИГД / 52.06528; 10.00917Координати: 52°03′55″N 10°00′33″E / 52.06528° СГШ; 10.00917° ИГД / 52.06528; 10.00917

Градското подрачје во денешните граници е создадена со општинската реформа во 1974 година со спојување на дванаесет општини.

Бад Залцдетфурт се наоѓа околу 11 километри јужно од Хилдесхајм. Соседни големи градови се Залцгитер (околу 24 км североисточно), Хановер (39 км северно) и Брауншвајг (околу 42 км североисточно).

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Воздушен поглед на градот Бад Залцдетфурт

Бад Залцдетфурт се наоѓа на Висорамнините Инерсте, дел од Долносаксонките ридови.[2] Градската област главно се состои од обработливи површини и шуми. Градот зафаќа површина од 67 квадратни километри.

Низ северниот дел на градот, како и низ местата Хокелн, Листринген, Хајнде, Клајн Динген и Грос Динген, тече реката Инерсте.

Самиот град е вгнезден од Хилдесхајмската Шума на запад и Зауберге на исток.[3] Реката Ламе тече низ местото во насока на север и се влева кај Грос Динген во Инерсте.

Највисока точка во Бад Залцдетфурт е Безенберг во Залцдетфуртската Шума со 339 метри.

Градски единици уреди

Градот Бад Залцдетфурт се состои од следниве 13 места:[4]

Место Жители
Бад Залцдетфурт 4.785
Боденбург 1.827
Брајнум 627
Детфурт 437
Грос Динген 1.153
Хајнде 1.286
Хокелн 198
Клајн Динген 392
Лехштет 697
Листринген 183
Еструм 393
Верштет 1.078
Веселн 883

Соседни општини уреди

Бад Залцдетфурт се граничи од североисток надесно со општината Шелертен, општината Холе, градот Бокенем, општината Ламшпринге, општината Зибесе, општината Дикхолцен и градот Хилдесхајм.

Клима уреди

Бад Залцдетфурт се наоѓа под влијание на морска и континентална клима. Најтопол месец е јули со просечни 17 °C, додека најстуден е јануари со просечни 0 °C. Годишна просечна температура е 8,6 °C.[5] Во просек во една година наврнуваат 700 mm воден талог.

Историја уреди

Во 1194 година, Залцдетфурт бил споменат во документ за првпат. Местото било уништувано од поплави и пожари неколкупати. Најлоша поплава се случила во 1738 година, кога 176 куќи биле уништено. Зборот „Бад“, кој означува „бања“, бил додаден кон името во 1921 година.

На 22 март 1945 година, во текот на тешките воздушни напади на Хилдесхајм, Бад Залцдетфурт бил погоден од неколку бомби и две куќи биле уништени.[6]

Бад Залцдетфурт се стекнал со градските права дури во 1949 година.

Знаменитости уреди

Постојат повеќе знаменитости во самиот град и во припоените села. Има многу зачувани фахверк куќи во стариот дел на градот, како рударскиот еснаф од 1898 година и во селото Веселн. Католичката црква „Св. Галус“ во Детфурт била изградена во класицистички стил во периодот 1772-1779. Други интересни селски цркви и капели може да се видат во Хокелн, Боденбург, Брајнум, Еструм, Верштет и Клајн Динген. Црквата „Св. Јован Крстител“ во Веселн била изградена во типичен неоготски стил во периодот 1853-55.

Најголема црква во Бад Залцдетфурт е „Св. Ѓорѓи“, протестантска црква со насликан резбан таван, изградена околу 1700 година. На западниот ѕид има ознака, три метри над земја, што ја означува висината на поплавата од Ламе во 1738 година. Барокниот олтар потекнува од 1717 година. Оргулите потекнуваат од 1590 година, првично сместени во црквата „Св. Ламбертиј“ во Хилдесхајм. Постои градски музеј за рударската историја. Првично, тулната градба во која е сместен музејот било училиште. Бил основан во 1987 година.

Најсовремена црква во градот е католичката „Св. Семејство“, која била изградена во периодот 1960-61 и осветена на 3 септември 1961 година. Нејзините оргули потекнуваат од 1979 година. Првично, многу малку католици живееле во Бад Залцдетфурт, но по Втората светска војна се населиле католички бегалци од Шлеска.

Сообраќај уреди

Бад Залцдетфурт има железничка врска со Хилдесхајм. Железничката станица е во средиштето на градот. Постојат станици и во селата Боденбург, Детфурт, Веселн и Грос Динген. Во работни денови има најмалку еден воз на секој час до и од Хилдесхајм. Во неделите и празниците постои еден воз на секои два часа.

Политика уреди

Градоначалник уреди

Хенинг Хесе (SPD) бил избран како нов градоначалник во мај 2014 година, наследувајќи го сопартиецот Ерих Шапер.[7]

Меѓународни односи уреди

Бад Залцдетфурт е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Bundesamt für Naturschutz: Landschaftssteckbrief Innerstebergland Архивирано на 12 август 2014 г.
  3. Gerhard Meier-Hilbert: Geographische Strukturen (des Hildesheimer Landes) Архивирано на 16 јули 2011 г. (PDF-Datei; 1,03 MB)
  4. Stadtverwaltung Bad Salzdetfurth: Vorstellung der Ortsteile Архивирано на 12 мај 2015 г., Stichtag: 1. Januar 2014.
  5. Climate-data.org: Klimadaten Bad Salzdetfurth
  6. Friedrich Kalbus: Sole, Salz und Söder - ein Gang durch die Geschichte von Bad salzdetfurth, p. 55. Bad Salzdetfurth 1961.
  7. Results of the elections in May 2014 in Lower Saxony Архивирано на 3 март 2016 г., retrieved November 2014

Надворешни врски уреди