Бадекенштет (германски: Baddeckenstedt) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во ексклавата на округот, околу 10 километри југозападно од Залцгитер и 30 километри југозападно од Брауншвајг.

Бадекенштет
Поглед на Бадекенштет
Поглед на Бадекенштет
Поглед на Бадекенштет
Грб на Бадекенштет
Бадекенштет во рамките на Германија
Бадекенштет
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Волфенбител
Општ. заед. Бадекенштет
Месни единици 5
Градоначалник Марк Вернер (СДП)
Основни податоци
Површина 20,47 км2
Надм. височина 110 м
Население 3.077 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 150 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WF
Пошт. бр. 38271
Повик. бр. 05345, 05062
Портал www.baddeckenstedt.de
Местоположба на Бадекенштет во рамките на округот Волфенбител
Карта
Карта
Координати 52°05′5″N 10°13′58″E / 52.08472° СГШ; 10.23278° ИГД / 52.08472; 10.23278

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија уреди

Местоположба уреди

Бадекенштет се наоѓа помеѓу Форхолц на северозапад, Лихтенберге на исток-североисток и Хајнберг на југ-југозапад во долината на Инерсте. Почнувајќи од запад надесно, Бадекенштет се граничи со општината Холе (Хилдесхајм) и Бургдорф, слободниот град Залцгитер, како и со општините Елбе, Хере и Зелде.

Површината на општината изнесува 20,47 км2.

Општински единици уреди

Општината Бадекенштет се дели на следниве единици:

  • Бадекенштет
  • Биндер
  • Елбер ам вајсен Веге
  • Рене
  • Вартјенштет

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди