Ајфелова кула

кула на Марсовото поле во Париз

Ајфелова кула (француски: Tour Eiffel) — железна кула изградена на т.н. Марсово Поле покрај реката Сена во Париз. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи во светот. Именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел, денес претставува една од најпосетените туристички атракции.

Кулата на изгрејсонце.

Статистика уреди

 
Ајфеловата кула во 1945.
 
Поглед југоисточно од кулата, по Марсовите полиња, со Кулата Монпарнас во далечината

Кулата е висока 300 метри (986 стапки), што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри (1058 стапки) што одговара на околу 81 спрат. Во времето кога била направена во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, сѐ до 1930, кога била изградена Крајслеровата зграда во Њујорк (319 m/1046 стапки висока) (иако кулата била сѐ уште повисока ако не се сметаат антените на градбите). Кулата е втората највисока градба во Франција, по 350 метарскиот Allouis longwave transmitter, изграден во 1939. Ајфеловата кула е највисоката градба во Париз. Втората највисока градба во Париз, и четврта во Франција е Кулата Монпарнас, со 209 метри. Кулата Монпарнас е исто така позната меѓу архитектите бидејќи е една од неколкуте високи градби во светот кои се совршено вертикални.

Металната структура на Ајфеловата кула тежи 7.300 тони, а вкупната тежина е 10.100 тони. Бројот на скали до врвот се менувал низ времето. Во почетокот во 1989, имало 1710 скали до платформата на 300.65 m; по реновирањето во раните 1980-ти, имало 1920 скали; а денес има 1665 скали (иако не е дозволено качување до горното ниво по скали - употребата на лифтови е задолжителна за посетителите над втората платформа).

Во зависност од температурата, врвот на кулата може да се помести од сонцето до 8 cm (3.25 инчи), заради ширењето на металот од страната кон сонцето.

Одржувањето на кулата вклучува нанесување на 50 тони боја во три нијанси секои седум години за да се спречи 'рѓосување. Повремено бојата се менува - моментално кулата е обоена во сива нијанса. Секој вечер кулата ја осветлуваат 20.000 светилки. Додека свети се вели дека кулата го носи својот "дијамантски фустан".

 
Париз од Триумфалната порта со Ајфеловата кула на десно. Панорамска фотографија.

Историја уреди

 
Ајфеловата кула во изработка во јули 1888.

Структурата била изградена меѓу 1887 и 1889 за Meѓународната изложба, Светски Саем посветен на годишнината од Француската револуција. Се наоѓа на координатите   48°51′29″N, 2°17′40″E . Кулата била инагуирана на 31 март 1889, и отворена на 6 мај. Триста работници составиле 18.038 парчиња чисто железо, користејќи два и пол милиони навртки, во структурниот дизајн на Морис Коехлин. Ризикот за потенцијална несреќа бил голем, бидејќи ра разлика од современите облакодери, кулата е отворена без спратови со исклучок на двете платформи. Сепак, заради добрите сигурносни мерки, само еден човек умрел, и тоа за време на инсталацијата на лифтовите.

Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за окото (писателот Ги де Мопасан ручал во ресторан на кулата редовно бидејќи било единственото место во Париз од каде сигурно не се гледала). Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот.

Едно од големите холивудски клишеа е дека погледот од било кој париски прозор ја има кулата. Во реалноста, заради ограничувањата на висината на повеќето згради во Париз на само неколку спрата, само највисоките згради имаат чист поглед на кулата.

Оригинално, Ајфел дозволил кулата да стои 20 години (кога сопственоста би истекла за градот Париз, кој оригинално планирал да ја сруши; дел од оригиналните правила на натпреварот биле дека кулата морала лесно да се сруши), но бидејќи се прикажала како корисна за комуникациски цели, било дозволено да остане и по истекот на дозволата.

Настани уреди

 
Челичните поврзувања.
 
Поглед надолу од врвот на обсервационата платформа.
 
Поглед од дното на Ајфеловата кула
 
Ајфеловата кула ноќе
 

Свештеникот Теодор Волф во 1910 вршел набљудувања на радиациона енергија зрачејќи на врвот и на дното на кулата, и ги открил денешните космички зраци.

Во 1925, лажниот уметник Виктор Лустиг двапати ја „продал“ кулата за отпадоци.

Во 1930, кулата ја изгубила титулата „највисока градба на светот“.

Од 1925 до 1934, осветлени знаци на Ситроен биле поставени на три од четирите страни на кулата, што биле највисоките билборди во светот во тоа време.

По нацистичката окупација на Париз во 1940, каблите на лифтовите биле исечени од Французите за Хитлер да мора да се качи по скали за да стигне до платформите. Деловите за поправка наводно не можеле да се набават заради Втората светска војна, иако повторно работеле веднаш по заминувањето на Нацистите. Војниците морале да се качат до врвот за да ја истакнат свастиката, но знамето било преголемо па излетало само неколку часа подоцна. Веднаш потоа повторно се качиле со помало знаме. Во август 1944, кога сојузниците се приближувале до Париз, Хитлер му наредил на генералот Дитрих вон Шулц, воениот гувернер на Париз, да ја уништи кулата заедно со остатокот од градот. Тој не ја послушал наредбата.

На 3 јануари 1956, оган го оштетил врвот на кулата.

Во 1959 сегашната радио антена била додадена на врвот.

Во 1980-те стариот ресторан бил растурен; бил откупен и реконструиран во Њу Орлеанс, Луизијана, оригинално како Ресторан Ајфелова кула, денес познат како Црвената Соба.

Во 2000, трепкачки светилки и четири силни рефлектори биле поставени на кулата. Од тогаш светлосното шоу станува вечерен настан. Рефлекторите на врвот на кулата изгледаат како светилник во Париското небо.

Кулата го примила 200.000.000-от посетител на 28 ноември 2002.

Во 7:20 p.m. на 22 јули 2003, избувнал пожар на врвот на кулата во собата со опрема за пренос. Целата кула била евакуирана; пожарот бил изгасен за 40 минути и немало повредени.

Имињата на 72 француски научници и инженери се гравирани на кулата како спомен на нивните придонеси. Ова гравирање било обоено на почетокот на XX век и реставрирано во 1986 од SNTE "Société Nouvelle d'Exploitation de la Tour Eiffel", компанијата одбрана од градот Париз за работа со кулата.

Авторски права на слики уреди

Сликите на кулата долго време биле во јавна сопственост; сепак, во 2003 SNTE инсталирале нов светлосен систем во кулата. Ефектот бил сите ноќни снимки на кулата да се стават под копирајт. Како резултат, веќе е нелегално да се издаваат слики на кулата ноќе без дозвола.

Примената на овие авторски права се смета за контраверзно. Директорот за Документација на SNTE, Stéphane Dieu, во јануари 2005 изјавил: „Ова е само начин да се регулира комерцијалната употреба на сликата, т.е. да не се користи на начини кои ние не ги дозволуваме.“ Сепак, со ова се спречува и издавањето на туристички фотографии на кулата ноќе([1] Архивирано на 12 мај 2008 г.).

Во скора одлука, францускиот суд одлучил дека не може да се бараат авторски права над слики кои вклучуваат заштитена градба ако фотографијата опфаќа поширока област. Ова најверојатно значи дека SNTE не може да бара авторски права над слики на Париз кои ја вклучуваат осветлената кула.

Локација уреди

Наводи уреди

  • Frémy, Dominique, Quid de la Tour Eiffel, Robert Lafont, Paris (1989) - out of print

Надворешни врски уреди