Аша Маала (грчки: Ευρύπεδο, Еврипедо)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Аша Маала
Ευρύπεδο
Аша Маала is located in Грција
Аша Маала
Аша Маала
Местоположба во областа
Аша Маала во рамките на Доксат (општина)
Аша Маала
Местоположба на Аша Маала во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°6′N 24°16′E / 41.100° СГШ; 24.267° ИГД / 41.100; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&10000000000000135000000135 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно208
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 15 километри источно од градот Драма и на 8 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 125 метри.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 377 жители[3]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Еврипедо[4].

Демографија уреди

Во 1928 година во селото биле сместени 83 грчки семејства со 317 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 317 лица, додека во 1940 година селото броело 419 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 460 жители, во 1971 година имало 215 жители, во 1981 година имало 181 жител, додека во 1991 година имало 163 жители[6]. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 419 446 460 215 181 163 135
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Ευρύπεδον
  3. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 3.