Ацо Алексов (3 ноември 1932 во Струмица13 јануари 2005 во Скопје) — македонски глумец и режисер. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Театарска академија (Оддел за глумци) во Белград (1953-1958). Првин бил глумец и режисер на Струмичкиот театар, каде што ја формирал Малата експериментална сцена, а потоа асистент на филмска режија во Вардар филм во Скопје (1959-1961) и телевизиски режисер во МРТВ.

Ацо Алексов
Роден 3 ноември 1932
Струмица
Починал 13 јануари 2005
Скопје
Националност Македонец
Познат по
Парадоксот на Диоген
Балада за орканата
Занимање глумец
режисер

Алексов е еден од основачите на Македонската радио-телевизија. Од неговиот обемен телевизиски опус можат да се издвојат: „Светлини и бои” (1997), „Бог да ги убие шпионите” (1993), „Словенски Орфеј” (1992), „Сили во воздухот” (1992), „Премиера” (1983), „Парадоксот на Диоген” (1975), „Шути и рогати” (1973), „Грдиот нарцис” (1968), „Крчмите” (1966). Серии: „Волшебното самарче”, „Првите цутови”, „Белото Циганче”, „Умни глави” и др. Како глумец настапувал во многу претстави во Струмичкиот народен театар, а глумел и во филмовите: „Капетан Леши” (1960), „Мис Стон” (1958), „Малиот човек” (1957), „Последниот колосек” (1956). Бил асистент на режија на играниот филм „Мирно лето”.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди