Аурих (германски: Aurich; источнофризиски дијалект: Auerk; затерландски фризиски: Aurk) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во историската област Источна Фризија и претставува втор најголем град во областа, во население по Емден, а во површина по Витмунд.

Аурих

Aurich

Замок Аурих
Замок Аурих
Замок Аурих
Знаме на Аурих
Грб на Аурих
Аурих во рамките на Германија
Аурих
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Градоначалник Хорст Федерман (независен)
Основни податоци
Површина 197,21 км2
Надм. височина 4 м
Население 42.268 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 214 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26603–26607
Повик. бр. 04941
Портал aurich.de
Местоположба на градот Аурих во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°28′17″N 7°29′1″E / 53.47139° СГШ; 7.48361° ИГД / 53.47139; 7.48361

Аурих долго време бил резиденција на источнофризиските кнезови, седиште на пруската, хановерската и подоцна повторно на пруската администрација на Источна Фризија. Исто така, по Втората светска војна, градот бил седиште на истоимениот административен округ, кој во 1978 година бил споен со административните окрузи Олденбург и Оснабрик во административниот округ Везер-Емс со седиште во Олденбург. Округо исто така бил укинат во 2004 година. Поради сето ова, Аурих се смета за главен град на Источна Фризија. Аурих до денешен ден е седиште на бројни установи, сојузни и покраински.

Географија уреди

Местоположба уреди

Аурих се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров и има површина од 197,25 квадратни километри, при што во насока север-југ има растојание од 16 километри, а во насока исток-запад има растојание од 19 километри.

Соседни општини уреди

Околни општини (почнувајќи од запад, надесно) се Зидброкмерланд и Гросхајде (обете во округот Аурих), Еверсмер, Вестерхолт, Нојшо и Бломберг (сите во општинската заедница Холтрим во округот Витмунд), Дунум (општинска заедница Езенс во округот Витмунд), окружниот град Витмунд, како и Фридебург (округ Витмунд) и на крај со Висмор, Гросефен и Илов (повторно сите во округот Аурих).

Градски единици уреди

Со административната реформа во 1972 година многу поранешни самостојни општини биле припоени кон градот Аурих.

Густината на населеност во градот Аурих е нерамномерна. Во градското јадро живеат повеќе од 2.000 жители на квадратен километар, додека на другата крајност во градската единица Брокцетел има само околу 20 жители на квадратен километар.

Градски единици на градот Аурих
Единица Место Површина во км² Жители 31.12.2019[2] Жит. на/ км² Карта
Градско јадро Аурих Градско јадро Аурих 5,83 12.399 2.124  
Брокцетел и Визенс Брокцетел 19,25 353 19  
Визенс 16,73 1.420 86  
Егелс и Валингхаузен Егелс 4,43 1.788 416  
Валингхаузен 5,81 3.560 579  
Екстум, Хакстум, Кирхдорф и Рае Екстум 4,17 2.151 427  
Хакстум 2,20 1.764 806  
Кирхдорф 4,77 1.444 280  
Рае 4,38 523 121  
Дитриксфелд, Пфалцдорф и Плагенбург Дитриксфелд 11,31 789 70  
Пфалцдорф 6,11 234 37  
Плагенбург 13,47 1.434 105  
Георгсфелд и Таненхаузен Георгсфелд 6,56 563 86  
Таненхаузен 16,92 1.929 114  
Лангефелд, Миделс и Шпекендорф Лангефелд 4,79 416 87  
Миделс 23,01 1.222 51  
Шпекендорф 13,37 434 31  
Попенс Попенс 1,88 1.994 1.031  
Ширум Ширум 13,19 1.411 106  
Зандхорст Зандхорст 10,77 4.458 395  
Вале Вале 8,26 2.660 317  

Клима уреди

Климата во Аурих е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.

Клима на Аурих
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна температура (°C) 1,0 1,3 3,7 6,9 11,5 14,6 16,0 15,9 13,2 9,6 5,2 2,2 8,5
Просечно кол. врнежи (мм) 66,6 43,1 57,9 48,2 57,8 83,8 82,1 78,6 76,6 76,2 84,4 74,3 829,6
Сончеви часови (дневно) 1,19 2,29 3,32 5,33 6,83 6,63 6,06 6,25 4,4 2,96 1,56 0,93 4
Извор: Германска временска служба[3]

Историја уреди

 
Градскиот плоштад околу 1900 година

Историјата на Аурих потекнува од XIII век, кога населбата Аурехове (Aurechove) била спомената во фризиски документ наречен Брокмербриф во 1276 година. Постојат повеќе претпоставки за значењето на името на градот. Веројатно означува лично име (Афо, источнофризиско име) и неговиот посед (Reich) или пак се однесува на пловната низина на реката Аа (или Ее), на која градот бил подигнат. Средновековните именувања биле најразлични.

Во 1517 година, грофот Едцард од династијата Сирксена започнале да го обновуваат градот по напад. Во 1539 година, градот станал седиште на грофовијата и подоцна на областа Источна Фризија, останувајќи седиште на областа додека Источна Фризија не била освоена од Кралството Прусија во 1744 година. Откако пруската војска била поразена во Битката кај Јена во 1807 година, Аурих станал дел од Кралството Холандија во 1808 година. Во 1810 година, Кралството Холандија било припоена од Франција и Аурих станал главен град на департманот Емс-Ориентал на Првото Француско Царство. Откако Наполеон бил поразен во 1814 година преминал градот во Кралството Хановер во 1815 година, а потоа бил анексиран од Прусија во 1866 година и станал дел од покраината Хановер.

Од 21 октомври до 23 декември 1944 година во градот постоел нацистички концентрациски камп, кој бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[4]

По Втората светска војна, Аурих станал дел од новата покраина Долна Саксонија.

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет се состои од 40 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 40.001 и 50.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[6]

  • SPD: 33,54%, 13 места
  • CDU: 23,70%, 9 места
  • Слободни гласачи (AWG): 9,46%, 4 места
  • Заедно за Аурих (GfA): 5,59%, 4 места
  • Сојуз 90/Зелени: 12,52%, 5 места
  • Левица: 4,94%, 2 места
  • Зелена алтернативна политика (GAP): 5,98%, 2 места
  • FDP: 2,57%, 1 место
  • dieBasis: 1,22%, 1 место

Градоначалник уреди

Градоначалник на градот АУрих е Хорст Федерман (независен).

Збратимени градови уреди

Аурих е збратимен со следниве градови:[7]

Познати луѓе уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Ortsteile
  3. Deutscher Wetterdienst
  4. Кампот е заведен како бр. 51 Аурих, округ Аурих, во службениот германски список.
  5. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  6. „Wahlenübersicht“. votemanager.kdo.de. Посетено на 2022-03-13.
  7. Partnerstadt – Stadt Aurich[мртва врска], abgerufen am 29. Juli 2011

Надворешни врски уреди