Атила (406—453), познат како Атила Хунски или Бич Божји (латински: flagellum Dei), бил хунски крал од 434 година па сè до својата смрт. Бил владетел на Хунското Царство кое се простирало од територијата на денешна Германија до реката Урал, и од Дунав до Балтичко Море. За време на своето владеење Атила бил најголем непријател на Источното и Западното Римско Царство: двапати бил во поход на Балканскиот Полуостров ја преминал Галија до Орлеана, а битката ја изгубел на Каталунските полиња. Го нападнал западно римскиот цар Валентинијан III од неговата резиденција Равана во 452 година, стигнал до Цариград и Рим, ама не можел да ги заземе овие два града.

Атила
Владетел на Хунската Империја
На престол434–453
ПретходникБледа и Ругила
НаследникЕлак

Во поголем дел од западна Европа, од страна на кон него не наклонети римски извори бил претставен како груб и алчен. А пак од друга страна, некои историчари го сметаат како голем и благороден крал.

Животопис уреди

Раѓање уреди

Атила роден е околу 406 година. Татко му се викал Мундиул, а имал и брат Руа кој бил еден од хунските поглавари (432—434), и постар брат кој изворите го спомнуваат како Бледа.

Смрт уреди

Атила умрел на денот на својата свадба, иако веќе имал голем број на жени. Тој зел нова жена која се викала Илдико. Денот на свадбата поминал со славење и пијанење. Пијан кога паднала ноќта ја одвел невестата во својата соба. Бил пронајден мртов следното утро, а невестата врескала од страв додека до неа мртов лежел големиот хунски водач. Наводно умрел од прекумерна доза на алкохол и јако крварење од носот, но постојат и претпоставки дека смртта била насилна. Според легендата бил погребан во три ковчези : златен, сребрен и железен. После неговата смрт хунската држава се распаднала. Во текот на ноќта, телото било запалено по старата хунска традиција а потоа ставено во ковчек, заедно со голема количина богатства и спуштена во реката Тиса. Реката го однела телото на Атила во непознати далечина. Имало повеќе обиди да се пронајде телото на Атила но ниеден од нив не бил успешен. Хунското Царство после смрта на Атила брзо се распаднало. Веќе во 454 година, Остроготите и другите германски племиња се побуниле против Хуните, а синовите на Атила скарани помеѓу себе не можеле да ја поминат кризата.

Неговото име уреди

Атила имал готско име (Атила е скратено од готскиот збор ата (𐌰𐍄𐍄𐌰, атта) што значи татко). Во неговиот дворец владеела готска традиција, а тој се спомнува и во готска народна приказна. Поради неговите уништувања и суровост е наречен " флагелум Деи " (Камшик божји). Тоа име првпат се спомнува кај еден анонимен писател од IX век. Влегол во приказните и легендите на многу древни народи. Како легендарна личност Атила се јавува и кај Нибелунсите (како: Етзел), Едите (како: Атли) и во народната традиција на Јужните Словени како Атил песоглавиот (кучешка глава).

Пустошењето на градовите од Источното Римско Царство уреди

 
Империјата на Хуните (Зелено)

Додека Западното Римско Царство било во трпеливо мирољубиви односи со Хуните, Источното Римско Царство со кој во тоа време владеел Теодосиј III, и им престоела голема опасност од Хуните.

Така за време на двовластието кај Хуните имало само изолирани инциденти на границата со Источното Римско Царство, кои за време на владеењето на Атила се пренеле и во внатрешноста на царството. Источното Римско Царство во тоа време било во судир и со Вандалите (кои ја освоиле Картагина) и со Јездергердом III. Ова му го отворило патот на Атила и Бледа кон Ирилик и Балканскиот Полуостров во 441 година. Хунската војска го опустошила Маргус, Вининацијум го зазеле Сингудунијум и Сирмијум. Во 442 година следело затишје, а Теодосиј II ја вратил својата војска од северна Африка, и наредил ковање на голема количина пари која му била потребна да ја финансира војната против Хуните, сигурен дека ќе успее да ги одбие хунските барања.

Но во 443 година Хуните ги освоиле походите и го зазеле Наисус, па продолжиле по течението на Нишава па ја зазема Сердика, Филипол и Аркадиопол. Римската војска ја поразиле и кај Цариград, и тука заостанале поради недостиг на оружје. Теодосиј II морал да го признае поразот и го испратил својот гласник Анатолиј да преговара за мир, па царот се сложил да плати 6000 римски финти (т.е 1963 кg злато), како казна за почитување на договорот, а годишниот данок изнесувал 2100 римски финти.

Во 447 година Атила повторно тргнал на југ кон Мизија. Кај реката Вид се судрил со римската војска предводена од Арнегисклус и извојувал победа, иако претрпел големи загуби. Хуните ги продолжиле своите походи кон Термопил. Цариград го спасил префект Флавиј Константин, кој ги обновил ѕидините на градот кои претходно биле уништени од земјотрес.

Преговорите за мир кои ги наметнувал Атила траеле три години. Со нив Хуните барале Римјаните да се повлечат 480 км од Сингудунум и 160 км јужно од Дунав. Во 448 година како пратеник од византискиот двор бил испратен Приск. Тој Атиловата престолнина ја опишал како мало село, со куќи изградени од дрво. Во градот ги опишал и огромните дрвени yидови од штици, комплекси кој служеле за исхрана на хунските војници, а на средина на селото огромно постоље за хунскиот борач. Не му оставил впечаток на Атиловиот двор, каде што Приск се сретнал и разговарал со Атила, и каде ја запознал неговата сопруга која била од скирско потекло. На средбата Приск му предал и многу злато и други драгоцености испратени од Теодосиј во знак на мир.

Приск со големо внимание го опишал и дворскиот живот на Хуните. Тие сакале да пеат, да се веселат и секоја вечер приредувале богати вечери. Атила ужива во друштво на робинки и вино. Според зборовите на Приск кај Хуните биле воочливи фазите на премин од варварско во цивилизирано племе. А за тоа рекол сигурно придонел престојот на Атила во Рим, како и тоа што во неговиот двор престојувал галскиот лекар Еудоксиј кој по поразот на Галија преминал на страна на Хуните.

Како водач на Хуните уреди

Кога со Хуните владееле Атила и неговиот брат Блед се чувствувало неслога. Блед неколкупати правел завери но за среќа на Атила не биле успешни. А од друга страна Блед имал поголем углед како постар владател.

Полека но сигурно Атила ја зацврстувал својата позиција, и со тоа што го отпуштил Блед го отрул Ругу, па во 445 година го убива. Тогаш станал единствен владетел на Хуните, ги обединил сите хунски племиња и народи од Волга до Германија. Седиште на неговата држава која се протегала од Данска до Панонија и од Лапонија и Рајна до Касписко Езеро па сè до Кина. Неговата власт ја признале многу племиња (Германи, Сармати, Словени, Турци и др.). Според зборовите на Приск неговата војска броела 500 000 војници, вооружени со стрели, копја, мечеви и ножеви.

Од како ја освоил власта и станал единствен владетел решил да го прекине сојузништвото со Рим, но за почеток да не ги загрозува териториите на Западното Римско Царство, туку само Источно Римско Царство т.е Византија. Против Визиготите му се обратил вандалскииот крал Гизерик, пуштајќи му подароци за да го натера да завојува против визиготскиот крал Теодирих. Тоа го натерало Атила повторно да ги обнови непријателските односи со Визиготите. Атила пуштил свои луѓе кај царот Валетинијан III , во чие име валедеела неговата мајка Гала Плацидија со намера да ги одвлече од намерата да склучат сојуз со Визиготите и да им се приклучат на Хуните во заедничка војна. Атила ветил дека ќе го чува мирот спрема Западното Римско Царство деке ќе војува само со Теодорих со кој веќе подолго време се наоѓал во непријателски односи.

Теодорих на време ја увидел опасноста од повторно зближување на Хуните и Римјаните, па му се обратил на Атила заедно со Визиготите да се бори против Римјаните. После преземањето на престолот, Атила за кратко време успеал да ги потчини голем број од околните племињa: Скирите, Туркилингите, Сармати, Херули, Хазари и конечно му успеало да ги стави и Остроготите под своја власт. Го основал моќното Хунско кралство со престолнина во Панонија. Ја изградил престолнината која се наоѓала недалеку од денешниот град Чера во Унгарија. Скирскиот крал му се покорил и му ја дал својата ќерка за жена. По извештаите на Приска од дворецот на Атила, жената на Атила се викала Крек и му родила три сина. Атила приредувал манифестации во дворецот, бил обаважател на шамани, а богатата трпеза ја краселе робинки од другите племиња.

Војната против Западното Римско Царство уреди

Кога Атила ја осигура својата позиција према Византија, која купувала мир со Хуните, се сврти на кај Западното Римско Царство.

Мислата на Атила да замини со војска на кај Рим, никогаш не го напушти, но тој прво ги нападна нејзините провинции. Во крајот на 450 год ја нападна Галија. Тоа е и времето кога се развивало Бургундското кралство во областа Мајнца со главен град Вормсом на Рајна. Тогаш таму владеел кралот Гунтер кој се наоѓал притиснат во отворен конфликт помеќу неговите ќерки и Хуните. Најзначаен доказ за овие случувања е старогерманскиот еп «Песната за Нибелунзите».

После соединувањето на Бургундите, Атила излегол пред западноримскиот цар со јасни намери. Тој барал да се ожени со сестрата на царот Валентинијан III, Хонорија. Интересно е да се објасни како дошло до поврзување на Хонорија и Атила, во 449 година била откриена љубовна врска помеѓу сестрата на царот Валентијан и нејзиниот слуга. После тоа љубовникот бил погубен, а Хонорија највероватно била трудна, таа била изолирана од јавниот живот. Бесна пуштила порака до Атила во која го замолила да биде нејзин витез. Атила тоа го сфатил како брачна понуда и за нејзин мираз побарал половина од Западно Римско Царство. Против особено била мајката на Валентијан, Плацидија која изјавила дека нејзината ќерка никогаш нема да се омажи за варварин. Атила решил спорот да го реши со сила.

Единствениот човек што тогаш можел да му се спротивстави на Атила бил западноримскиот сатрап Флавиј Аециј. Тој едно време бил заложник на Хуните и се запознал со хунскиот живот на живеење, нивните обичаји и традиции. Кога Римјаните со замена го вратиле назад, пробал да го симне Валентијан од кралскиот престол, па бил осуден на доживотна затвореништво. Поради опасноста од Хуните тој бил ослободен и повторно застанал на чело на римската војска. Меѓутоа, после победата над Атила Аециј ќе падни како жртва на чиста политика, тој ќе биде обвинет дека повторно подготвувал планови за да го симне царот од власта, па тој ќе биде убиен на улица во 454 година.

Во меѓувреме кралот на Салијските Франки умрел и избил конфликт помеѓу неговите два сина за неговото наслество, во кој се помешале и Атила и Аециј, Атила го поддржувал постариот син, а Аециј помладиот. Атила ги собрал своите вазали: Гепидите, Остроготите, Тиранжините, Аланите и Бургундите и започнал поход на запад. Во 451 година стигнал до Белгике.

На Флавиј Аециј му била дадена голема војска, а тој бил повторно поставен за врховен командант на римските легионери. Аециј на југ формирал јака војска, примајќи ги силите на Визиготите, Франките, Галите и Бургундите. Бидејќи Атила го освоил Орлеан, кој Аециј наскоро повторно го освоил, Атила почнал да се враќа во домовината со големо богатство, но Аециј го следел секој негов чекор. Хунската војска ја поминала Рајна, но на другата страна ги чекала одморната римска војска.

Во зорите на 20 јуни 451 година на Каталунските полиња, седум и пол, километри од градот Троа, започнала пресудната битка. Во таа битка од една страна биле Хуните и низа други германски племиња, меѓу кои и Остроготите, додека на другата страна биле Гало-Римјаните на Аециј и исто така германски племиња, меѓукои и Визиготите со нивмниот крал Теодорхим И, кој умрел во оваа битка како и неговиот син Торисмундом.

Хуните ја зазеле десната страна од полето, а Римјаните левата. Кога Атила видел дека неговата војска е преслаба за да извојува победа, тој лично тргнал на Аециј кој се наоѓол на блискиот рид од каде мирно ја набљудувал битката. Атила после големи загуби наредил повлекување во војните бараки, четири километри од полето. Тука во ноќта Визиготите се обиделе да ги нападнат Хуните, но Хуните навреме направиле тревога и ги избркале Визиготите подалеку од логорот. Следниот ден, Атила се повлекол со остатокот од војската, а Аециј ја славел својата победа во Рим.

Походот во Италија и смртта уреди

 
Делото на Рафаело: Средбата помеѓу Лав Велики и Атила на кое е прикажан Лав придружуван од Свети Петар и Павле, како го пресретнува Атила пред портите на Рим.

Атила ја искористил неорганизираноста на Визиготите, па направил нов воен план, за да ја оствари својата желба да се ожени со Хонорија. Ги поминал Јулските Алпи и навлегол во Италија во 452 година. Го опколил градот Аквилеја, близу Венеција и го напаѓал со катапулти. Кога градот паднал под Хунска власт, Атила имал намера да продолжи кон Рим. Валентинијан побегнал од Равена во Рим, додека Аециј останал на бојното поле, но немал доволно војска за да се спротивстави. Атила освоил повеќе градови, ја опустошил долината Падаи стигнал до Минциа каде што во пресрет му дошол папата Свети Лав I. Благодарение на папата Лав I, Рим бил спасен од уништување. Епидемии и глад го присилиле Атила да ја напушти Италија.

Атила имал намера да го нападне Цариград и да го присили наследникот на Теодос, Марсијан да му плаќа данок, кој одбил да плаќа додека Атила бил зафатен со војувањата на запад. Меѓутоа, Атила умрел на почетокот од 453 година.

Легендата за мечот на богот Марс уреди

Атила е еден од најголемите освојувачи во историјата и најпознат меѓу варварските водачи затоа го добил од римските цареви прекарот Камшикот божји. Постои легенда според која Атила бил мечот на богот Марс и дека другите варварски вадачи не можеле да го погледнат в очи а при тоа да не се поколебаат за своите намери.

Легендата на Хуните вели дека Атила од еден овчар како подарок го добил мечот на богот Марс, Атила го нашол овчарот со своето стадо и здогледал крвава трага. Овчарот му рекол внимателно да ја прати таа трага. Атила ја прател трагата и од тревата извадил меч, кој го кренал високо над главата. Атила мислел дека тоа е предскажување за него да биде еден од најголемите светски освојувачи по Божја волја.

Извори уреди